Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛЕКА НО СИГУРНО „ДУФЕРКО“ ГИ ЦЕМЕНТИРА ПОЗИЦИИТЕ ВО „МАКСТИЛ“ – се плаќаат убави пари за акциите, еве до колкав процент стигнаа
Економија

ПОЛЕКА НО СИГУРНО „ДУФЕРКО“ ГИ ЦЕМЕНТИРА ПОЗИЦИИТЕ ВО „МАКСТИЛ“ – се плаќаат убави пари за акциите, еве до колкав процент стигнаа

11/06/2024

AA

Странската компанија „Дуферко“ од Лугано, Швајцарија, полека, но сигурно, упорно ги засилува своите капитални позиции во нашиот чиличарски гигант „Макстил“.

Компанијата преку ценовно чувствителна информација ја извести инвеститорската јавност дека вчера купила нови 35.592 акции од компанијата, со штпо веќе достигнува до 83,42 отсто од капиталот.

„Макстил АД Скопје ја известува јавноста дека на 10.06.2024 година е настаната
промена во сопственоста на акциите со право на глас. Имено, Duferco Skop SA,
како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се
стекна со 35.592 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,42 отсто од
главнината на акции со право на глас на Макстил АД Скопје“, се вели во објавата на Берзата.

Ако е факт дека акциите се купени вчера, тоа е сигурно направено на редовниот пазар, бидејќи блок трансакција со акциите на оваа компанија немаше. 

А, на редовниот пазар се гледа дерка токму вчера „зоврело“ тргувањето со акциите на „Макстил“, односно биле истргувани 36.757 акции, што според количина е буквално пик и најголема истргувана количина во последниов период. Токму од овие акции, најголемиот дел, односно 35.592 акции се купени од Дуферко. 

А, дека на Дуферко му значат овие акции, односно дека му е битно да ги зајакнува своите позиции во компанијата, говори фактот што за нив има платено многу повисока цена, односно 142,54 денари за акција, што е исто така пик во последниов период, додека, пак, на претходното тргување овие акции се плаќале по цена од 130 денари за акција. 

Или, ако се купени 35.592 акции по цена од 142,54  денари, значи дека Дуферко за дополнителниот акционерски пакет платил близ 82 и пол илјади евра.

Ова не е прв пат Дуферрко, кој од поодамна има околу 80 отсто од капиталот, да докупува помали акционерски количини и да го засилува својот пакет, за сега да достигне и до 83,42 проценти.

Инаку, согласно состојбите од Централниот депозитар за хартии од вредност, покрај Дуферко, во Макстил има и други акционери. 

Односно, има како акционери 5.034 физички лица, главно поранешни вработени од некогашна Железара или нивни наследници, кои заедно поседуваат над 15 потсто од акциите. 

Исто така, акции имаат и 40 домашни правни лица, односно фирми, чии пакет е 0,68 проценти. 

Има и релативно мал процент на странски акционери.

„Макстил“ во последниве години работи прилично успешно, а тоа беше и причината што плати висока сума на солидарен данок.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три жени мета на измамници

18/02/2026

Серија измами го тресе Тиквешкиот регион. Три жени од Кавадарци и Неготино станаа жртви на добро познатите шеми со „лажни

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители – „Ме одбија со небулозно оправдување

18/02/2026

Владимир Панчевски, кандидатот за државен јавен обвинител кој вчера не ја доби довербата од Советот на јавни обвинители, најави жесток

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60 км на час и го

18/02/2026

Попова Шапка утрово се разбуди со Дебела снежна покривка и со најниска температура во државава. Во 7 часот биле измерени

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy