Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесена кривична пријава против директорот на ЈКП „Водовод“-Битола
Македонија

Поднесена кривична пријава против директорот на ЈКП „Водовод“-Битола

07/12/2023

AA

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, директор на ЈКП Водовод Битола, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што потребата од пополнување на систематизираните работни места не ја обезбедил преку јавен оглас, туку со ангажирање работници преку агенција за привремени вработувања по основ на зголемен обем на работа на определено време. На тој начин тој постапил спротивно на чл.22 од Законот за работни односи и чл.20-а, 20-б, 20-в, 20-г, 20-д од Законот за вработени во јавен сектор.

Имено, во случајот работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања.

Пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно на чл.10 од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во чл. 83 и 84 од Колективниот договор.

Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП Водовод кај м.в „Овчји Баир“ како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно чл.4 од Одлука на Владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување. Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44764
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026

Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека вечерва, 30 јули, ќе се спроведе акција за прскање против комарци на целата

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026

Директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026

Со денешниот ден, четврток, веќе започна продолжениот викенд по повод големиот државен празник Илинден – 2 Август. Голем број граѓани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy