Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Под закрила на еко активизмот во мисија да ги спречат западните инвестиции во рударството!?
Македонија

Под закрила на еко активизмот во мисија да ги спречат западните инвестиции во рударството!?

20/11/2023

AA

Регионот на Западен Балкан продолжува да е под засилено руско влијание. Ова го потврдија и високи американски претставници по објавувањето на новите имиња од регионот што се најдоа на т.н. црна листа. Според потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на САД, Брајан Нелсон, Русија и понатаму го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на земјите во меѓународните институции и организации, како и да ги олесни своите „агресивни дестабилизирачки активности“.

Слични ставови од Скопје минатата недела сподели и помошник државниот секретар за одбрана на САД, Селест Валандер.

Русија, како и организациите кои ги поддржува, постојано се трудат да најдат разлики во политичките ставови во земјите од Западен Балкан, со цел да создадат судир што Русија би можела да го искористи, без оглед дали станува збор за дејства или активности кои се непосредно опасни за граѓаните на земјите или преку создавање на политичко влијание кое што Русија би можела да го искористи, рече Валандер.

Овие тврдења на американската администрација ги поткрепуваат написите на дел од руските истражувачки сајтови. Меѓу нив е и „Инсајдер“, во чија анализа пишува дека „Кремљ долго време се подготвува да добие контрола над Македонија – користејќи ја дипломатијата, активностите на специјалните служби, преку контрола на националистичките групи и со економско влијание“.

Тука директно се споменува улогата на компанијата „Солвеј“, која е сопственик на рудникот Бучим во Радовиш, а претходно го поседуваше и рудникот Саса. Од фирмата неколкупати повторуваат дека немаат никаква руска поврзаност и дека станува збор за компанија основана во Швајцарија. Сепак, „Солвеј“ беше директно спомената од поранешниот амбасадор на Русија во Македонија, Олег Шчербак, како руска инвестиција.

Во неа се додава дека е симптоматично запирањето на западните инвестиции во рударскиот сектор во Македонија. Во овој контекст директно се посочуваат и имињата на активистите Крум Велков и Ангел Наков.

Ова не е единствениот медиум кој ги поврзува дејствијата на активистите со обидот за руско влијание во економијата на земјава, особено преку рударството. Во текст на истражувачката мрежа Белингкет се наведува дека Велков не пишува само за геополитика и се насетува дека ги промовира руските економски интереси. Во сторијата се нагласува дека Велков и неговиот следбеник Ангел Наков водат кампањи против западни комерцијални проекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драматично попладне во Штип: Огнот евакуираше фабрика, изгоре фотоволтаична централа

03/07/2026
Македонија

Борба со огнената стихија во Пробиштипско: Со механизација се спречува

03/07/2026
Македонија

Жолт метеоаларм: Невреме со грмежи и пороен дожд во три

03/07/2026
Македонија

Три лица ќе се гонат за насилство врз дете за

03/07/2026
Македонија

Собраниска седница за реконструкција на Владата закажана за 13 јули

03/07/2026
Македонија

Драматично во Штип: Евакуирани вработени поради трет голем пожар, „Ер

03/07/2026
Македонија

Алармантен бран врсничко насилство во Скопје: Пријавени уште два нови

03/07/2026
Македонија

Осуденик од Кичево ставен под електронски надзор – казната затвор

03/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драматично попладне во Штип: Огнот евакуираше фабрика, изгоре фотоволтаична централа

03/07/2026

Штип попладнево се соочи со серија сериозни пожари кои избувнаа речиси истовремено на три различни локации. Противпожарните екипи, поддржани од

Борба со огнената стихија во Пробиштипско: Со механизација се спречува пожарот да стигне до селото

03/07/2026

Пожарот во пробиштипскиот регион и натаму е активен, а сите расположливи сили на противпожарните служби, доброволците и локалното население во

Жолт метеоаларм: Невреме со грмежи и пороен дожд во три региони во земјата

03/07/2026

Делови од Македонија денеска се под влијание на нестабилна воздушна маса, поради што е активиран жолт метеоаларм кој предупредува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy