Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОЛАРОТ Е НА НАЈНИСКО НИВО ОД СЕПТЕМВРИ: Американската валута послаба и од еврото и од јуанот
Економија

ДОЛАРОТ Е НА НАЈНИСКО НИВО ОД СЕПТЕМВРИ: Американската валута послаба и од еврото и од јуанот

20/11/2023

AA

На девизните пазари
вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна на најниско ниво од
почетокот на септември.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на
американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се
движи околу 103,65 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута
падна за 0,4 отсто, на 149,10 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па
цената на еврото порасна за 0,2 отсто, на 1,0925 долари, највисоко ниво за
повеќе од два месеци.

Добро расположение на светските берзи

На берзите владее добро расположение бидејќи инвеститорите
сметаат дека поради намалувањето на инфлаторните притисоци заврши циклусот на
покачување на каматите во западните земји.

Олеснувањето на инфлацијата во САД ја поддржува тезата дека
американската централна банка нема да има потреба дополнително да ја заостри
монетарната политика, дека циклусот на затегнување на монетарната политика е
завршен.

Дополнително, низа неодамнешни податоци покажуваат дека економијата
продолжува да расте, односно и покрај наглото зголемување на каматните стапки
во последната година и пол, таа избегна рецесија.

Ова е добра вест за азиските компании бидејќи САД се нивниот
најголем извозен пазар. Во наредниот
период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД
би можел да започне со намалување на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има околу 30 отсто
шанси првото намалување на каматните стапки на ФЕД да дојде веќе во март
следната година. Проценките
покажуваат и дека до крајот на следната година ФЕД би можел да ги намали
каматните стапки за цел процентен поен.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
Македонија

Возел со речиси двојно поголема брзина од дозволената: Возач од

28/08/2026
Македонија

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште:

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45311
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026

Осум пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен ред

28/08/2026

Со приближувањето на почетокот на новата учебна година, скопскиот јавен превоз се враќа на зимскиот режим на сообраќање. ЈСП Скопје

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот!

28/08/2026

На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy