Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почнува судење за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов – обвинет дека му дозволувал да вози без дозвола
Македонија

Почнува судење за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов – обвинет дека му дозволувал да вози без дозвола

24/06/2025

AA

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело предизвикување општа опасност, со образложение дека во подолг временски период – од ноември 2022 до јануари 2025 година – му дозволувал на својот син да управува возило, иако знаел дека нема возачка дозвола и дека претходно сторил низа сообраќајни прекршоци и деликти.

Според Јавното обвинителство, 50-годишниот скопјанец, со своето дејствување, лекомислено создал опасност за животот и телото на луѓето, сметајќи дека нема да настапат штетни последици. Во обвинението се наведува дека Зоран Јованов му го давал на синот возилото „Пежо 207“, иако знаел за неговата историја на сообраќајни прекршоци, меѓу кои:

сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022,

11 сообраќајни прекршоци во 2023 и 2024 година (вклучително и возење без дозвола, под дејство на алкохол и непочитување сообраќајни знаци),

како и несреќата со смртни последици од 29 јануари 2025 година.

Синот, Васил Јованов, веќе доби казна затвор од 12 години за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова. Судот му изрече и петгодишна забрана за управување возило, како и парична казна. Признанието и каењето му беа признати како олеснителни околности, додека тежината на делото и неговото досие – меѓу кои и претходна казна за трговија со дрога – беа нотирани како отежнителни.

Случајот предизвика сериозна реакција во јавноста, со бројни повици за построги санкции и контроли за несовесно родителско однесување и соучесништво во прекршување на сообраќајните прописи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy