Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почнаа работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола – Груби порача: Ниту Мицковски не може да го запре овој проект!
Македонија

Почнаа работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола – Груби порача: Ниту Мицковски не може да го запре овој проект!

12/05/2023

AA

Автопатот Прилеп-Битола е најголем инфраструктурен проект од коридорот 10Д и заедно со трите делници од Коридорот 8 се најголеми капитални инвестиции, предуслов за економскиот развој на државава, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на денешниот официјален почеток на работите за изградба на автопатската делница, според првичните проценки, во вредност од 260 милиони евра. Кај индустриската зона во Прилеп поставена е таблата со податоците за изградбата на автопатската делница, а веднаш почнаа и подготовките и геоистражувачките работи за изградбата на автопатот чиј рок е 57 месеци. Делницата Прилеп-Битола и уште три делници од Коридорот 8 ќе ги гради турско-американскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

-Ова е проект кој е од национален и стратешки интерес на државата од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите кои ги поврзува овој коридор. Изградбата на Коридорот 10д е траен влог и наследство за идните генерации. Драго ми е што и нашите стратешки партнери, Соединетите американски држави, ја препознаваат важноста на владините политики што ги преземаме за развој на инфраструктурата, особено бенефитот што ќе го има не само нашата, туку и соседните држави од изградбата на најголемиот инфратсруктурен проект, Коридорите 8 и 10Д. Законските измени се предвидени и за патната, и за жалезничката и за енергетската инфраструктура од стратешко значење. нема да се откажам од изградбата на инфраструктурата, рече Ковачевски.

Вицепремиерот Артан Груби испрати и пораки за важноста на изградбата на автоптските делници од двата коридора.

-Порачувам дека ниту Мицковски не може да го запре овој проект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде, уверен сум, истата ќе го заврши овој проект. Втората порака ми е дека тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница дека е дојден крај на заложништвото на Собранието и на проектите и на иднината на граѓаните, рече Груби.

Автопатот Прилеп-Битола е многу значаен за стопанскиот развој на југозападниот регион и е поттик за инвестирање на други компании. Воедно, ќе значи отоорање на работни места со ангажирањето на градежни фирми од Пелагониско.

-Сите сме свесни, градбата нема да биде лесна работа, ни претстојат огромни предизвици на терен во овие неколку години, но сакам да уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на овој автопат а исто така и на изградбата на делниците на Коридорот 8. Оттука и потребата да направиме измени во регулативата да ја забрзаме и да ја направиме поекономична и поефикасна изградбата на овие автопати на двата европски коридори. Пелагонискиот регион мора да се развива, рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Ејуп Рустеми, директорот на ЈП за државни патишта, најави дека во следните 4 години и 7 месеци ќе се градат по 23 километри автопат годишно, или вкупно 110 километри согалсно Договорот. – Ова значи отворање на нови 8000 работни места и значи раст на бруто-домашниот производ за 2 насто годишно во наредните пет години и значи избор за заоркужување на европската патна инфраструктура, рече Рустеми.

На денешната свеченост за почетокот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола се обратија и амбасадорот на Република Турција Хасан Мехмет Секизќок, в.д абасадорот на САД Ерик Мајер и Џастин Сиберел, претседател на компанијата „Бехтел-Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток.

-Горди сме што работиме со Владата на Репулика Северна Македонија на овие нови, значајни коридори за подобрување на транспортните комуникации во овој регион, создавајќи илјадфници нови работни места. кои ќе имаат долгорочна економска корист, рече Сиберел.

Амбасадорот Секизќок, нагласи дека Турција има одлична соработка со Северна Македонија и оти во државава се прави уште еден значаен исчекор за побрз, побезбеден транспорт на луѓе и стоки.

Овој проект на изградба на автопатот што се заснова на врвна технологија и стандарди, порача тој, ќе поттикне нов динамизам за економијата на земјата и ќе отвори нови можности за вработување,

-Изградбата на модерна автопатска делница не само што ќе ги движи луѓето и трговијата, туку и ќе привлекува повеќе инвестиции во Северна Македонија. Коридорите 8 и 10Д ќе доведат и до поцврсти врски со соседите, порача в.д амасадорот на САД Ерик Мајер.

Автопатот Прилеп-Битола, делница од Коридорот 10 Д треба да биде готов за 57 месеци. Тоа е рокот за уште две делници од Коридорот 8.

Договорот со „Бехтел и Енка“, стратешки партнер ангажиран со посебен закон и за проектирање и за изградба на автопатите, стапи во сила на 22-минатиот месец. Преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се префрлени првите 117 милиони евра за подготвителните активности во пресрет на градежните работи, а со Програмата за финансирање на делниците на коридорите за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Вкупната вредност на проектот, според првичните најави од Владата, ќе изнесува 1,3 милијарди евра, како и дополнителни 300 милиони евра за експропријација.

Во собраниската Комсија за европски прашања е во тек расправа по предложените измени на пет закони со европско знаменце, што според тврдењето на Владата, ќе овозможат поевтина и побрза изградба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46442
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА Осуммина приведени, 11 кривични

29/10/2026

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа. Според истрагата, Фондот бил оштетен

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy