Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна изградбата на 180.000 станови во југоисточна Турција!
Македонија

Почна изградбата на 180.000 станови во југоисточна Турција!

06/07/2023

AA

Почна изградбата на 180.000 станови во областите на југоисточна Турција тешко погодени од разорните земјотреси во февруари. Ова денеска го соопшти министерот за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени Мехмет Јозхасеки, цитиран од државната телевизија ТРТ-Хабер.

Тој додаде дека во моментов се работи на проекти за изградба на уште 140.000 куќи.

Јозхасеки истакна дека главен приоритет на новата влада е „нормализирање на животот“ во 11-те окрузи погодени од земјотресите на 6 февруари.

Во земјотресите со јачина од 7,6 и 7,7 степени според Рихтер на 6 февруари загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а милиони останаа без покрив над главата во јужна Турција.

„Наша цел е да ги сместиме нашите граѓани во нивните нови и безбедни домови што е можно поскоро. Немаме време за одмор. Во таа насока, започнавме со изградба на околу 180 илјади станови во единаесетте области погодени од земјотресите. Од овие домови 120.389 ги гради ТОКИ (Управа за развој на домување на Турција), 21.921 компанијата „Емлак Конут“ и 37.129 рурални куќи ги гради Генералниот директорат за градежни работи“, рече Јозхасеки.

Во моментов, посочи тој, се подготвуваат проекти за уште 139.561 куќа. На овој начин до крајот на годинава ќе завршиме 319 илјади станбени единици и на нашите граѓани ќе им обезбедиме безбедни домови.

Министерот додаде дека најмногу куќи ќе се градат во областа Хатај, која буквално беше срамнета со земја при земјотресите.

Се планира новите згради да бидат релативно ниски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
Македонија

Возел со речиси двојно поголема брзина од дозволената: Возач од

28/08/2026
Македонија

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште:

28/08/2026
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45310
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy