Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНА БЕРБАТА НА ЈАБОЛКА ВО ПРЕСПА: Работниците бараат и по 2.200 денари дневница, но не сите овоштари се во можност да платат толку
Економија

ПОЧНА БЕРБАТА НА ЈАБОЛКА ВО ПРЕСПА: Работниците бараат и по 2.200 денари дневница, но не сите овоштари се во можност да платат толку

24/09/2024

AA

Од 1.500 денари
до 2.000 или 2.200 денари се движат дневниците во Преспа за берба на јаболка.
Некои од овоштарите на работниците им нудат сместување и три оброци дневно и
тоа ја одредува висината на дневницата. Двете страни се договараат и за
превозот. Тоа е работа на договор меѓу овоштарот и работниците.

Еден работник во
просек дневно треба да собере 35 до 40 гајби со јаболка. 

„Кога зборуваме
за рентабилност, низа на години и оваа не сме рентабилни во суштина. Се работи
да се преживее година за година.  Има
намалување како на површината, така и на бројот на овоштарите. Некои се откажуваат,
во неможност да обезбедат рентабилност или во крајна мера ги одржуваат овошните
насади со одредена заштита, колку да произведат индустриско јаболко, а трпезното
јаболко е минимално. Втората работа е што веќе од пред една или два години
бројот на работници се намалува, се активираат сопствените ресурси по
семејства, роднини, пријатели, од други градови за да се реализира бербата. Таа
дневница која се споменува не можат да ја исплатат дел од овоштарите. Оние
овоштари на кои овоштарството им е дополнителна дејност, ако се две – три лица
вработени во администрација или во која било дејност, фабрика, за нив не
претставува проблем да платат. Тука имаме нерамноправност на оние на кои
овоштарството им е основна дејност и тешко дека ќе можат да продолжат во
иднина“, вели Љубе
Пампулески од
Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен.

Работници  доаѓаат од соседните општини, а има и одредена категорија на луѓе кои можат во
октомври да користат неплатен одмор за да одат на берба на јаболка или станува
збор за пензионери кои можат да работат.

Притисок прави
прави и времето, затоа што имавме суша, па врнежи. Не се знае дали времето ќе
им оди во прилог на овоштарите во октомври. Ако има осцилации, тоа нема да им
одговара.

Неколку илјади
работници се потребни во Преспа за берба на јаболката.  Пампулески објаснува дека делумно бербата е
почната, поради порана зрелост на јаболката, но тоа се 10 до 20 отсто, а за
недела дена бербата ќе се интензивира и сите ќе бидат во овоштарниците.

Се очекува да има
околу 60.000 до 70.000 тони трпезно јаболко и 20.000 до 30.000 тони индустриско
јаболко. Од низа фактори, а пред сè од температурните разлики, тешко е точно да се предвиди количината на јаболката
која сезонава ќе биде собрана. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy