ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ ПАРИ Финансиската полиција претресува на повеќе места
Две лица се приведени, а Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во истрага за проневера на речиси 80 милиони денари буџетски средства, односно околу 1,3 милиони евра.
Од Управата за финансиска полиција соопштија дека постојат основи на сомнение дека во случајот се вмешани службени лица.
„Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“, информираа од Управата за финансиска полиција.
Според досегашните информации, предмет на истрагата се буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари.
„Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лишени од слобода се две лица“, соопштија од Управата.
.
Извор: plusinfo.mk