Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Субрата Рој, бизнисменот кој сакаше во Преспа и Охрид да гради хотелски коплекси
Македонија

Почина Субрата Рој, бизнисменот кој сакаше во Преспа и Охрид да гради хотелски коплекси

14/11/2023

AA

Субрата Рој, контроверзниот индиски бизнисмен кого владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го доведе во Македонија како голем инвеститор, почина на 75 години по долго боледување. Тој бил примен во болница во неделата откако му се влошила состојбата поради бројните здравствени проблеми, објави „Хиндустан тајмс“.

Субрата Рој беше заинтересиран за изградба на хотелски центар во преспанскиот регион.

„Кога Субрата Рој прв пат беше во Македонија, разгледуваше повеќе места на кои би инвестирал. Негов прв избор беше Охридското езеро, а за во втората фаза беше најавена инвестиција и на Преспанското езеро“, рече тогаш директорот на ТИРЏ.

Тогаш Виктор Мизо изјави дека индискиот милијардер ја донел својата одлука за инвестирање во Македонија, од сентиментални причини.

Роден во 1948 година, Субрата Рој изгради големо деловно царство кое опфаќаше разни сектори, како финансии, недвижности, медиуми и хотелиерство. Неговиот деловен подем почнал со преземањето на компанијата „Сахара фајненс“ во средина на 1970-ите, која потоа ја трансформирал во најголемиот индиски конгломерат „Сахара груп“.

ФОТО: СДК.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy