Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Драган Б. Костиќ, легендарен македонски музички новинар и радиоводител
Македонија

Почина Драган Б. Костиќ, легендарен македонски музички новинар и радиоводител

20/12/2025

AA

Драган Б. Костиќ, еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонското радио, почина на 75-годишна возраст. Погребот ќе се одржи утре во капелата на гробиштата Бутел, информираше неговиот син Бане Костиќ преку социјалните мрежи.

„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ – сопруг, татко и дедо. Поменот ќе се одржи утре, недела, 21 декември, од 12:30 до 13:30 часот. Семејството изразува искрена благодарност до целиот тим и раководството на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата и посветеноста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно, Диско селекторе“, напиша Бане.

Драган Костиќ е роден на 10 јуни 1950 година во Скопје. Својата кариера ја започнал во Македонското радио, каде остави неизбришлива трага, особено како автор и водител на култните емисии „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“. „Диско селектор“ започна со емитување на 29 јуни 1974 година и со текот на децениите стана музички белег за повеќе генерации, додека „Заборави ако можеш“ го достигна своето 4.500-то издание до 31 октомври 2013 година.

По повод 30 години од „Диско селектор“, Костиќ организираше голема музичка забава на лизгалиштето во Скопје, со околу 6.500 продадени влезници, настан што се памети како еден од најмасовните музички собири во земјава.

Покрај овие емисии, тој беше автор на други радиоформати, меѓу кои „Радиоурнебес“, „Пријатели, добар ден“ и квизот „Јас ли сум на ред“. Костиќ беше познат и како посветен колекционер на музика, со над еден милион аудио записи, што ја прави неговата колекција една од најголемите во регионот.

Во 2018 година започна телевизиска емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше во две сезони до 2019 година. Драган Костиќ ќе остане запаметен како еден од најзначајните музички новинари и радиоводители во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски Брод под контрола

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 08:00 часот утрово, на територијата

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026

Шпицот на летната туристичка сезона и продолжениот празничен викенд за Илинден традиционално ја преполнија јужната граница. Камерите на ЈП „Македонијапат“

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy