Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јанчев реагира: Жалам за трагедијата, но станува збор за политичка пропаганда
Македонија

Јанчев реагира: Жалам за трагедијата, но станува збор за политичка пропаганда

20/12/2025

AA

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се најде во центарот на вниманието откако Обвинителството покрена обвинение против него за учеството во сообраќајка во која загина тинејџер. Јанчев преку својата Фејсбук страница реагираше, изразувајќи жалење за трагичниот случај и нагласувајќи дека според него станува збор за политичка кампања од страна на власта.

„Најпрво, жал ми е за се што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути. Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа“, пишува Јанчев.

Тој потоа ја обвинува власта дека случајот го користи за политичка пресметка.

„Власта уште истиот ден, само после неколку часа, почна да го користи случајов за политичка пресметка со мене преку координирани и планирани напади. Уште рано наутро преку нивните пропагандни медиуми пуштија вести дека сум бил пијан, дрогиран и дека сум возел бесно. Ништо од ова не е точно. Пуштија вест дека сум возел бесен џип и ставаа слики од нови скапи возила. И ова не е точно. Моето возило е старо 20 години“, стои во реакцијата на Јанчев.

Пратеникот додава дека обвинувањата продолжиле од страна на премиерот и други членови на владејачката партија.

„Истиот ден ДПМНЕ ме осудија од партиска прес-конференција без притоа да ги спомнат, а не пак да ги повикаат на одговорност Министерот за внатрешни и министерот за здравство. Потоа премиерот на интервју во вести ме осуди и суптилно ми се закани со Обвинителство. И отогаш навака постојано пробуваат медиумски да ја наметнат темава со цел да наметнат наратив дека јас некого сум прегазил“, пишува Јанчев.

Тој посочува дека пред да се одржи Анкетната комисија за несреќата во Кочани, пратениците од владејачкото мнозинство во собраниските ходници му се заканувале дека поради Анкетната комисија ќе биде изложен на притисок.

„Демек ако Левица ја отвора темата за Кочани они ќе удираат по мене заради сообраќајната несреќа. Чиниш сообраќајната несреќа е исто со она што се случи во Кочани“, реагира пратеникот.

Јанчев истакнува дека не се повикува на никакви пратенички имунитети.

Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември по полноќ во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy