
Почесна артилериска стрелба во пресрет на Денот на независноста
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.
Според најавата, во 18 часот ќе се одржи пробна стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија, додека во 19 часот ќе следи официјалната почесна стрелба со 10 плотуни.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата за одбележување на значајни државни празници, а во овој случај е посветена на 8 Септември – Денот на независноста.