Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вечерва целосно помрачување на Месечината – граѓаните ќе можат да го набљудуваат со телескоп на плоштад Македонија
Македонија

Вечерва целосно помрачување на Месечината – граѓаните ќе можат да го набљудуваат со телескоп на плоштад Македонија

07/09/2025

AA

По подолг период, љубителите на астрономијата повторно ќе имаат можност да уживаат во редок небесен настан – целосно помрачување на Месечината. Доколку времето биде ведро, Скопското астрономско друштво ќе биде присутно со два телескопа на плоштад Македонија, каде граѓаните ќе може одблизу да го набљудуваат феноменот.

Помрачувањето започнува уште пред изгрејсонцето на Месечината кај нас, па затоа првите фази нема да бидат видливи од Македонија. Според астрономите, во Скопје Месечината ќе излезе над источниот хоризонт нешто пред 19 часот, но од центарот на градот ќе се појави околу 19:15 часот, веќе повеќе од половина затемнета од сенката на Земјата.

Околу 19:30 часот Месечината целосно ќе влезе во сенката и ќе добие впечатлива црвеникава боја, со нијанси кои ќе варираат од интензивно црвено до портокалово. Најдраматичниот момент се очекува во 20:11 часот, кога ќе биде најдлабоко во сенката и ќе изгледа најтемна.

Излегувањето од сенката ќе започне околу 20:50 часот, а процесот ќе заврши околу 22 часот. Потоа ќе остане само полусенката, која е тешко видлива со голо око.

Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека очекуваат голем број посетители и апелираат за трпение, бидејќи секој ќе има можност да погледне низ телескопите. За оние кои располагаат со двогледи или телескопи, препорачуваат да ги понесат со себе, а љубителите на фотографијата да се обидат да го овековечат феноменот со поголем објектив.

„Сè што ни преостанува е да се надеваме на ведро небо и да уживаме во ова прекрасно небесно шоу“, порачуваат астрономите.

Настанот на плоштад Македонија започнува вечерва во 19 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy