Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Побрзото одење е здраво за срцето
Магазин

Побрзото одење е здраво за срцето

16/04/2025

AA

 

Доколку сакате да си го подобрите здравјето, тоа може да се направи со едноставни и мали промени. Имено, одењето со побрзо темпо би можело да ја намали опасноста од широк спектар на проблеми со срцевиот ритам, посочува истражувањето објавено во „БМЈ харт“ (BMJ Heart).

Истражувањето ги опфатило податоците од 420.925 учесници во „Биобанката на Обединетото Кралство“ (UK Biobank), кои дале податоци за брзината на одење. Според наводите, нешто повеќе од 6,5 отсто од учесниците имале бавно темпо на одење, 53 отсто – просечно одење и 41 отсто пројавиле брзо темпо. Во просек, за 13 години, 36.574 учесници (9 отсто од испитаниците) развиле некаква абнормалност на срцевиот ритам.

Пресметките, инаку, говорат дека просечно или брзо одење е поврзано со 35 отсто и 43 отсто помала опасност од сите абнормалности на срцевиот ритам – соодветно, во споредба со бавното темпо на одење.

Бавното темпо, од една страна, не е поврзано со опасноста од развој на абнормалности на срцевиот ритам, а од друга страна, повеќе време во одење со просечно или брзо темпо значи 27 отсто помал ризик. Атријалната фибрилација е состојба во која горните комори на срцето чукаат неправилно и пребрзо. А, пак, вентрикуларните аритмии се јавуваат кога абнормалниот срцев ритам почнува во долните комори.

Проблемите со срцевиот ритам може да ја зголемат и опасноста од мозочен удар, срцева слабост и срцев удар доколку не се лекуваат. Истражувачите забележаа дека истражувањето е само набљудувачко, што значи дека не може да се извлечат цврсти заклучоци за тоа дали брзото одење е директна причина за абнормалности на срцевиот ритам.

Овој научен труд е прв што ја истражува поврзаноста меѓу темпото на одење и аритмиите и покажува дека метаболичките и воспалителните фактори може да имаат негативна улога во тоа. Поточно, побрзото одење го намалува ризикот од дебелина и воспаление, што, пак, го намалува ризикот од аритмија.

„Ова откритие е биолошки веродостојно бидејќи кумулативните епидемиолошки испитувања покажаа дека темпото на одење е обратно поврзано со метаболичките фактори како што се дебелината, ‘ХбА1ц’ (гликоза на гладно), дијабетес и висок крвен притисок, коишто се поврзани со ризикот од аритмии“, велат истражувачите, предводени од професорката Џил Пел од Универзитетот Гласгов.

Просечната возраст на испитаниците е 55 години, од кои 55 отсто биле жени, а 97 отсто биле белци.

Демографските фактори и животниот стил земени предвид во испитувањата говорат дека учесниците кои пријавиле побрзо темпо на одење – поверојатно е да бидат мажи, да живеат во помалку обесправени области и да имаат поздрав начин на живот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy