Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По вчерашното пукање во Прилеп: истрага за обид за убиство и недозволено држење оружје
Магазин

По вчерашното пукање во Прилеп: истрага за обид за убиство и недозволено држење оружје

25/03/2025

AA

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен прилепчанец, бидејќи како што соопштија од таму, постои основано сoмнение дека тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.

Вчера, во просториите на ЈУ МЦСР Прилеп, тој со умисла се обидел да ја лиши од живот една оштетена – социјален работник, а во опасност го довел и животот на уште тројца вработени во Центарот за социјални работи.

Со оружје – пиштол марка „Берета“ модел 950 Б со калибар 6,35 мм, кој го поседувал без дозвола, тој започнал да пука кон жртвата, која се обидела да се скрие во една канцеларија.

Со два куршуми ја погодил, при што со едниот проектил и нанесол површна рана во пределот на главата – аркадата, а со другиот и нанел прострелна влезно-излезна рана во пределот на десната страна од слабината.

Директорот на установата успеал да го совлада и да го задржи до пристигнување на полициските службеници, кои покрај пиштолот кај него пронашле и одзеле и еден нож.

Осомничениот, согласно евиденцијата, е претходно осудуван за кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигурноста, демнење и други кривични дела, против него во постапка се и други пријави, а во моментот издржувал мерка на безбедност – Задолжително лекување во психијатриска болница од каде избегал.

Поради сите овие и други околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повторува кривичното поведение, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Нема веќе идентитетски отстапки за влез во ЕУ, подготвени

26/05/2026
Македонија

Хорор во Драчево: Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица

26/05/2026
Македонија

Три месеци затвор за брутално претепување на кучето Феликс, соучесникот

26/05/2026
Македонија

Соседите инвестираат во рударство, Македонија го држи „Иловица-Штука“ во место

26/05/2026
Македонија

Мицкоски го пречека Пленковиќ: „Поддршката на патот кон Европската Унија“

26/05/2026
Македонија

Закажано судско рочиште за кршењето на кафуле во Кочани за

26/05/2026
Македонија

Што ќе се случи со долговите на клиентите по затворањето

26/05/2026
Македонија

Десетици илјади верници се поклонија на Свети Зосим Тумански во

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43464
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Нема веќе идентитетски отстапки за влез во ЕУ, подготвени сме да ја платиме цената

26/05/2026

Средба Мицкоски – Пленковиќ во Охрид: Потпишан договор за стратешка соработка Премиерот Христијан Мицкоски по денешната средба со хрватскиот колега

Хорор во Драчево: Моторџии сосила влечеле 12-годишно дете по улица

26/05/2026

Инцидент во населбата Драчево Во скопската населба Драчево е регистриран вознемирувачки инцидент во кој 12-годишно дете било физички нападнато и

Три месеци затвор за брутално претепување на кучето Феликс, соучесникот казнет парично

26/05/2026

Основниот кривичен суд Скопје донесе осудителна пресуда за двајца мажи поради сторено кривично дело „Убивање и мачење животни“. За бруталното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy