Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По серијата инциденти со гризање: Кучето на Бајден не е веќе во Белата куќа
Македонија

По серијата инциденти со гризање: Кучето на Бајден не е веќе во Белата куќа

05/10/2023

AA

Кучето на американскиот претседател Џо Бајден, германскиот овчар Командер „не е повеќе присутно во кампусот на Белата куќа“, по серија инциденти со гризнување на вработени и офицери на тајната служба, изјави портпаролката на првата дама Џил Бајден.

Елизабет Александер, директорка за комуникации на првата дама, изјави дека Бајден и неговата сопруга „длабоко се грижат за безбедноста на вработените во Белата куќа и оние кои нив ги заштитуваат секој ден“.

Таа рече дека „Белата куќа може да биде стресна околина за домашните миленичиња“ и дека Бајден продолжува да „му помага на Командер да се справи со непредвидливата природа на тлото на Белата куќа“. Од службата не наведоа каде е однесено кучето.

Изјавата доаѓа откако портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, беше прашана за најновите наводи дека двегодишниот германски овчар повторно гризнал агент на тајната служба. Таа ги упати новинарите до службата на првата дама.

Командер досега многупати нападнал вработени во Белата куќа.

Во последниот инцидент што се случил на 25 септември униформиран офицер на тајната служба бил гризнат во Белата куќа по што му била укажана прва помош од лекарскиот персонал.

Од октомври 2022 досега Командер гризнал или нападнал персонал од тајната служба најмалку десет пати, вклучувајќи и инцидент со повреда по што службеникот морал да оди во болница, според записи од Министерството за домашна безбедност.

Командер е второ куче на Бајден во Белата куќа, првото, Мејџор, исто така било однесено поради инциденти со гризање и агресивно однесување. Мејџор бил даден да живее кај пријатели на Бајденови во Делавер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy