Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По долга пауза: Скопје ќе добие „Луна парк“, тендерот ќе се распише следната недела
Македонија

По долга пауза: Скопје ќе добие „Луна парк“, тендерот ќе се распише следната недела

27/11/2025

AA

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на првата седница на Координативното тело на градоначалници најави дека проектот „Луна парк“ конечно влегува во фаза на реализација. По повеќегодишни застои, во текот на следната недела ќе биде распишан тендерот за изградба на новиот забавен парк – проект кој, како што нагласи, ќе биде изработен по највисоки стандарди и ќе претставува нов центар за забава во главниот град.

Според Ѓорѓиевски, повеќе генерации скопјани пораснале без можност да уживаат во модерна верзија на Луна паркот. „Децата на Скопје пораснаа без тој простор, неколку генерации живееја со ветувања. Ако претходните тоа не го направија, ние сме генерацијата која мора да го направи,“ рече тој. Градоначалникот увери дека до јуни 2027 година Скопје ќе има функционален Луна парк и најави брзо започнување на градежните активности кои ќе го променат изгледот на делот од градот каде ќе се изгради паркот.

Ѓорѓиевски говореше и за состојбите во градските претпријатија, посочувајќи дека поради нефункционалност во минатото, граѓаните се соочувале со хаос во јавниот превоз и комуналните услуги. Според него, состојбите се постепено стабилизираат: исплатени се здравствените и пензиските придонеси на вработените во „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, а целосно порамнување на неисплатените плати се очекува во јануари.

На прес-конференцијата градоначалникот ги повтори приоритетните инфраструктурни проекти, дел од кои се во тек на тендерска процедура, а дел наскоро ќе започнат. „Решавањето на сообраќајниот хаос не е процес преку ноќ. Потребни се нови клучки, проширување на булевари и реформа во јавниот транспорт,“ изјави тој. Во оваа насока, се очекува и набавка на нови автобуси со поддршка од Владата.

Во однос на проектот за воведување на БРТ-системот, Ѓорѓиевски го оцени како „сериозно добар“ и потврди дека, по серија разговори со Владата, процесот е одблокиран. „Се надевам дека следната година ќе распишеме постапка и ќе почнеме со реализација,“ додаде тој.

Градоначалникот се осврна и на статусот на Скопје како Европска престолнина на културата 2028, нагласувајќи дека опасноста од губење на титулата е елиминирана по средбите во Брисел. „Тоа е брак што не може да се раскине,“ рече Ѓорѓиевски, цитирајќи еден од европските претставници.

Во однос на дивоградбите, тој повтори дека Град Скопје нема градежна инспекција, но делува во рамки на надлежностите: отстранети се диви тезги и нелегални монтажни објекти на плоштадот. „Сѐ што беше грда слика веќе се нормализира. Апелирам и до колегите во општините секој да постапува согласно законот. Ќе им ја обезбедам целата механизација и поддршка од градските претпријатија,“ порача Ѓорѓиевски.

Со распишувањето на тендерот за „Луна парк“, градот најавува долгочекуван пресврт – проект кој ќе ги надмине границите на празни политички ветувања и ќе се претвори во реалност за скопјани и нивните деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46885
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy