Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ, ИАКО „ТОНАТ“ ВО ДОЛГОВИ: ревизорите за работењето на АД Пошта
Економија

ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ, ИАКО „ТОНАТ“ ВО ДОЛГОВИ: ревизорите за работењето на АД Пошта

14/11/2024

AA

Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај. Ова е посочено во конечниот  ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Северна Македонија во државна сопственост.

Согласно ревизорскиот извештај друштвото се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ од 229.883 илјади денари или 3.726.000 евра е искажана во 2022 година.

– Друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста. Вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесуваат 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра, се вели во извештајот.

Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари, кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година.

Во извештајот се подвлекува дека сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8 проценти до 6,25 отсто.

Ревизорите направиле анализа на квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга и утврдиле ненавремена достава на пратки. Во 2023 година, 59,7 проценти од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5 отсто биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75 проценти и максималниот стандард од 88 отсто за успешно и навремено доставени пратки.

Меѓу другото се додава дека со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Ревизорите утврдиле и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Северна Македонија.

– Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Дел од објектите, како и два одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење, посочуваат во извештајот од ДЗР.

Исто така и процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва.

Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Северна Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото  ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари. Сите обврски биле подмирени во април 2024 година.

Во делот на јавните набавки ревизорите утврдиле дека АД Пошта на Северна Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за 36 илјади евра или приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг од 24 илјади евра во денарска противвредност.

Во постапките за доделување на рамковна спогодба со еден економски оператор за набавка на услуги за осигурување на имот со отворена постапка во 2022 и 2023 година, биле склучени две рамковни спогодби, со вкупна вредност од 28.169 илјади денари (од кои 16.207 илјади денари во 2023 година). Ревизорите утврдиле дека истите можеле да бидат спроведени во делови, што би имало влијание врз конкуренцијата во постапката и рационалното користење на финансиските средства. Покрај тоа, утврдено е ненавремено плаќање на премиите (еден месец пред истекот на важноста на полисата премијата не е подмирена). Заклучено било дека ова ја загрозува сигурноста на материјалните и паричните средства, а дополнително може да доведе до зголемување на премиите во иднина поради влошениот рејтинг на друштвото.

Со ревизијата утврдени се чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените. Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи.

Во извештајот од ДЗР се подвлекува дека во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42 отсто до 58 проценти соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат.

Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Северна Македонија. 

Со извршената ревизија, се вели во зивештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива.

За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
Македонија

Штипјанка измамена за 4.713 евра: Лажен директор на финансиско друштво

26/08/2026
Македонија

Ангелов: Не стивнуваат пожарите на отворено, во текот на вчерашниот

26/08/2026
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ЗА УТРЕ: Високи температури низ цела Македонија

26/08/2026
Македонија

Пожар во котлара на хотел во Лагадин – огнот го

26/08/2026
Македонија

Клековски: 53 случаи на Западнонилска треска – 25 излекувани

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45269
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без возачка дозвола

26/08/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има индивидуална одговорност – во лекувањето

26/08/2026

Судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и уште двајца онколози се обвинети

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз својата малолетна поќерка

26/08/2026

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „силување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy