Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пивара Скопје го проширува своето портфолио со премиум италијанското кафе Caffè Vergnano
Македонија

Пивара Скопје го проширува своето портфолио со премиум италијанското кафе Caffè Vergnano

29/04/2025

AA

Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во текот на денот. На овој начин, Пивара Скопје уште еднаш покажува дека е компанија што ги следи и
поставува трендовите во индустријата, создавајќи вредност и за пазарот и за потрошувачите.

Со повеќе од 140 години традиција и присуство во над 90 земји, Caffè Vergnano претставува симбол на италијанското кафе наследство и супериорен квалитет. Ова партнерство е дел од пошироката стратегија на групацијата Coca-Cola HBC, каде припаѓа Пивара Скопје, која преку стекнување на 30% сопственички удел во компанијата Casa del Caffè Vergnano, креираше нови можности за раст и иновации во
категоријата кафе.

„Нашата нова соработка со Caffè Vergnano претставува значаен исчекор за Пивара Скопје во светот на кафе културата. Со ова премиум италијанско кафе, едно од најстарите пржилници за кафе во Италија – од 1882 година, ја збогатуваме нашата понуда со автентично искуство кое ја спојува традицијата со современите вкусови. Caffè Vergnano не е само бренд, туку приказна која се раскажува преку секоја шолја кафе, а ние сме горди што сме дел од тоа патување. Со вклучувањето на Caffè Vergnano во нашата понуда отвораме ново значајно поглавје во развојот на Пивара Скопје. Со оваа премиум понуда ја надградуваме нашата визија да им обезбедиме на потрошувачите комплетно портфолио на пијалаци за секоја прилика 24/7. Веруваме дека љубителите на кафе во нашата земја веднаш ќе ја препознаат страста, квалитетот и стилот што го носи ова кафе, а ние сме тука да им го овозможиме тоа“, изјави Владимир Хуибнер, менаџер за кафе во Пивара Скопје.

Caffè Vergnano е достапно ексклузивно во угостителските објекти преку HORECA каналите во повеќе градови низ земјава.

„Оваа вест претставува уште едно возбудливо проширување на нашето партнерство со Coca-Cola HBC. Тоа ќе ни помогне да ги забрзаме нашите амбиции за раст и да го прошириме дометот на нашиот бренд надвор од Италија. Комбинирајќи го знаењето, искуството и капацитетите на Пивара Скопје со нашето кафе наследство и длабоко познавање на индустријата, уверени сме дека ова ќе биде моќно партнерство кое ќе донесе нови возбудливи искуства кај љубителите на квалитетното кафе на
македонскиот пазар“, изјави извршната директорка на Casa del Caffè Vergnano, Каролина Верњано.

Пивара Скопје е најголем производител на пиво и безалкохолни пијалаци во земјата, а нејзиното портфолио ги вклучува и некои од најпознатите светски брендови на жестоки пијалаци. Како пазарен лидер, компанијата активно работи на развој и унапредување на сите категории на пијалаци на пазарот, стремејќи се кон постојана иновација, посветеност и доследен квалитет. Од компанијата најавуваат и други возбудливи иновации во блиска иднина, кои, како и досега, сигурно ќе бидат позитивно прифатени од потрошувачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022,

29/05/2026
Македонија

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами

29/05/2026
Македонија

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на

29/05/2026
Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026
Македонија

Приведени осум лица во случаи поврзани со дрога

29/05/2026
Македонија

Девет возачи уапсени за безобѕирно управување возило, пијани управувале мопед

29/05/2026
Македонија

Македонскиот фудбал во жалост: Загина младиот Аган Асани

29/05/2026
Македонија

Нè очекува претежно облачно, но топло време – температурите во

29/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43531
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022, Македонија мора да ги исполни

29/05/2026

Евроинтегративниот процес на Македонија останува директно поврзан со спроведувањето на обврските преземени во 2022 година, порача министерката за надворешни работи

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами го пријавиле, а не да

29/05/2026

Цел ден чекаме одговори од М-НАВ за проблемот кој сами го пријавиле преку објавување на НОТАМ (Notice to Air Missions)

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на концерт на Тејлор Свифт во

29/05/2026

Во Австрија е изречена пресуда од 15 години затвор за 21-годишен маж од македонско потекло, кој бил вмешан во планирање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy