Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска за Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба: Земјите од А5 се амбициозни и посветени интензивно да соработуваат и заедно да ја зацврстат регионалната безбедност и стабилност
Македонија

Петровска за Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба: Земјите од А5 се амбициозни и посветени интензивно да соработуваат и заедно да ја зацврстат регионалната безбедност и стабилност

16/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со шефовите на делегациите на земјите – членки на САД – Јадранската повелба денеска по Министерскиот состанок потпишаа Заедничка изјава во која се обврзаа на засилена соработка со цел зацврстување на регионалната безбедност и стабилност.

„Успешноста на А5 Иницијативата се должи токму на тоа што четири од петте земји членки веќе станаа членки на НАТО и активно придонесуваат кон колективната безбедност и безбедноста на регионот. Токму затоа и денеска се обврзавме дека земјите од Иницијативата А5 ќе продолжат да ги поддржуваат сите регионални аспиранти на нивниот пат кон целосна евроатлантска интеграција зашто сите ние цврсто веруваме дека политиката на отворени врати лежи во основните принципи на НАТО и на А5 Иницијативата“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прес-конференција по состанокот на Министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Скопје.

Петровска потенцираше дека заеднички став на земјите од А5 е дека политиката на отворени врати останува зашто истата е многу важен инструмент за зацврстување на регионалната соработка и безбедност.

„Во заедничката изјава се согласивме дека продолжуваме да ги поддржуваме барањата на земјите набљудувачи за членство во оваа иницијатива, се разбира доколку тие сакаат да бидат дел од овој форум и се подготвени да придонесат за мирот и безбедноста во согласност со принципите на А5 Иницијативата“, рече Петровска.

Министерката го изнесе заедничкиот став дека досега преку оваа Иницијатива регионот постигна многу, со уверување дека преку постојана взаемна поддршка и соработка можат да се постигнат заедничките цели за постабилен и безбеден регион.

Петровска се заблагодари за континуираната поддршка и лидерство од страна на Соединетите Американски Држави и сојузниците во заокружувањето на евроатлантските аспирации на земјите од регионот и порача дека за зацврстување на безбедноста мора да се интензивира регионалната соработка.

„Размената на информации ќе ни овозможи заеднички да се одбраниме од влијанието на трети страни кое може да ја поткопа нашата регионална стабилност“, подвлече министерката и додаде дека земјите – членки успешно ги реализираат заедничките активности, вклучително и поддршката на НАТО мисијата во Ирак.

Министерката информираше дека земјите од А5 едногласно ја осудуваат неиспровоцираната агресија врз Украина која е закана за глобалниот, европскиот и регионалниот мир и безбедност.

„Остануваме посветени на нашата поддршка на Украина, која има полно право да ја одбрани својата територијална независност и сувереност“, рече министерката.

Помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер изрази благодарност до Северна Македонија за организацијата на овој Министерски состанок и порача дека силата на А5 Иницијативата не се мери во зборови, туку во дела. САД целосно ја поддржуваат политиката на отворени врати, рече Валандер, и додаде дека САД се горди на силната врска која ја имаат со земјите од САД – Јадранската повелба.

„Секој чекор кој го правиме заедно, е исчекор за свет во кој мирот не е само аспирација, туку реалност за целата глобална заедница“, рече Валандер.

Помошничката на секретарот за одбрана на САД се осврна и руската агресија врз Украина, за што рече дека сите земји –членки на А5 се едно во нивната одлучност дека активности како оние што ги гледаме во Украина не можат да ја обликуваат нашата иднина. Стоиме заедно со украинскиот народ, рече, потврдувајќи дека нивната борба не е само за територии, туку за вредности кои сите ние ги цениме и чуваме.

На Министерскиот состанок покрај министерката Петровска и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер учествуваа и министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, заменикот министер за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ и Игор Габриќ, раководител за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во Министерството за одбрана на Хрватска. Во својство на набљудувачи на состанокот учествуваа и Ејуп Маќедонци, министер за одбрана на Косово, Немања Старовиќ, државен секретар во Министерство за одбрана на Србија и Аљоша Селан, заменик-генерален директор во Министерство за одбрана на Словенија

Претседателствувањето со САД – Јадранската повелба во 2024 година го превзема Албанија, каде што ќе се одржи и следниот Министерски состанок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците

03/09/2026
Македонија

Две лица од Кина пронајдени починати во стан во Скопје

03/09/2026
Македонија

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се

03/09/2026
Македонија

Нова механизација за Комунална хигиена: Скопје доби возила за поефикасно

03/09/2026
Македонија

МВР со засилени контроли: 189 прекршоци направиле пешаци

03/09/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Метеоаларм за цела Македонија

03/09/2026
Македонија

Транспортерите од Западен Балкан најавуваат блокада на границите со ЕУ

03/09/2026
Македонија

ДЗР алармира: Фотоволтаични централи се одобрувале без соодветно планирање

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците треба да се заменат од

03/09/2026

Посетителите кои обезбедиле влезница за големиот концерт на Дејвид Гета во Скопје ќе мора навреме да ја заменат со специјална

Две лица од Кина пронајдени починати во стан во Скопје

03/09/2026

На 02.09.2026 околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се на транспарентен начин потрошени

03/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека од македонска страна нема причина за загриженост поради истрагата што се води во Унгарија во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy