Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска од Вермонт: Одбележуваме партнерство кое нè направи посилни и побезбедни
Македонија

Петровска од Вермонт: Одбележуваме партнерство кое нè направи посилни и побезбедни

09/06/2023

AA

Во Берлингтон, Вермонт, во присуство на министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, свечено се одбележа 30-годишнината од партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт.

„Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја членка на НАТО. Пред неколку години баравме итна помош. Денес Северна Македонија повеќе не е дел од проблемот, таа е дел од решението. Преку ова партнерство градиме сопствени национални капацитети, ги подобруваме нашите процедури, ја модернизираме нашата Армија, но најважното е што изградивме многу силно пријателство“, кажа министерката Петровска пред присутните на свечениот прием по повод 30-годишниот јубилеј.

Началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски порача дека изминатите 3 децении беа одбележани од одлична соработка, меѓусебно разбирање и размена на идеи и искуства. Националната гарда на Вермонт, порача генералот Ѓурчиновски, е повеќе од партнер на Армијата.

На свеченоста се обрати и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Најт кој истакна дека најважниот дел од партнерството се пријателствата и дека со нетрпение ги очекува следните 30 – години во кои ова партнерство ќе го достигне својот целосен потенцијал.

Во текот на вчерашниот ден, Петровска ја посети и воздухопловната база на националната гарда на Вермонт, како и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде оствари средба со директорката на центарот, Ерика Борнеман.

Во текот на денот ќе биде одржана свечена церемонија и прием од страна на гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот, каде со министерката Петровска ќе потпишат заедничка изјава за 30 годишното партнерство. Воедно, Петровска ќе го посети и воениот универзитет „Норвич“ која е најстарата приватна воена академија во САД и каде македонските питомци имаа шанса да го надградат своето знаење. Во „Норвич“, Петровска ќе оствари средба со претседателот на универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого ќе биде разгледана можноста за продолжување на соработка. Петровска ќе го посети и сквадронот за сајбер операции и баталјонот за информатички операции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy