Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петковиќ: Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица
Регион

Петковиќ: Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица

17/06/2023

AA

Во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, јави дописничката на МИА од Белград. Тој рече дека српските власти не гледаат начин за продолжување на дијалогот. 

„Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки. Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина“, рече Петковиќ.

Тој кажа дека косовскиот премиер Албин Курти постојано провоцира и дека цело време сака да започне конфликти и војна.

„Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби. Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот“, вели Петковиќ. 

Албанците во Тирана синоќа одржаа протест и побараа Србија да ги ослободи тројцата косовски полицајци, кои добија притвор. 

Во Лепосавиќ граѓаните вчера нападнаа новинарка екипа и ја искршија нивната камера. 

Со недели има тензии на Косово. Србите ги бојкотираа локалните избори и не ги признаваат за легитимни градоначалниците Албанци. Србите бараат косовските специјалци да се повлечат од северот и да се формира Заедницата на српски општини(СЗО). 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy