Oблачно и посвежо – ќе има поројни врнежи!
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 22 степена.
И во недела, особено претпладне, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.
Од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.