
Песков: Русија и САД имаат многу слични ставови за Украина
Позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина во многу аспекти се совпаѓа со ставот на Русија, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Има многу елементи кои навистина се совпаѓаат со нашата позиција“, рече портпаролот на Кремљ, пренесе Тас.
Тој истакна дека се уште е рано да се зборува за какви било конкретни услови од договорот за Украина.
