Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФФМ: ФК Гостивар ја изневери фудбалската јавност и фер-плејот
Македонија

ФФМ: ФК Гостивар ја изневери фудбалската јавност и фер-плејот

27/04/2025

AA

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат од ФФМ во соопштение.

„ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. 

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.

Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.

Криминалните структури и нечистотијата во фудбалот ќе бидат целосно исчистени. 

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат. 

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!“ – се вели во соопштението на ФФМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите

08/09/2026
Македонија

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

08/09/2026
Македонија

АНКЕТА | По 35 години независност, во каква Македонија сакате

08/09/2026
Македонија

Грчев: Знамето треба графички да се доработи

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Малолетно дете физички нападнато од повозрасна жена во Кисела Вода

08/09/2026
Македонија

Објавуваме ретка видео анкета од 1991: Што изјавија граѓаните на

08/09/2026
Македонија

35 години од историскиот чин: Вака изгледа Декларацијата за сувереност

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45545
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите на концертот на Дејвид Гета

08/09/2026

Организаторите од „Авалон продукција“ упатија важни известувања и упатства до публиката која вечерва ќе присуствува на музичкиот спектакл на David

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

08/09/2026

Необична и симболична честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста пристигна од Музејот на вода во Охрид. Нуркачкиот

АНКЕТА | По 35 години независност, во каква Македонија сакате да живеете во следните 10

08/09/2026

Вашето мислење нам ни е важно, затоа вечерва од 19 часот во специјалното отворено студио „35 години Независност“ ќе го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy