Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите 
Македонија

Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите 

27/04/2025

AA

Од 23 јуни 2025 година, НЛБ Банка ќе воведе измени во тарифите и општите услови за физички и правни лица, објави Слободен печат.

Според новиот предлог тарифник, Банката го укинува надоместокот од 750 денари за приклучок на интернет банкарство со токен за физички лица. Но, за увид во состојбата на сметките преку мобилното банкарство МКлик, ќе се наплаќа надоместок од 20 денари месечно за одредени пакети.

Исто така, клиентите ќе плаќаат 45 денари месечно за одржување на сметка, доколку салдото на сметката надминува 100 денари.

При повлекување готовина од шалтерите на Банката, провизијата ќе биде минимум 100 денари, а максимум 500 денари. За пензионерите и примателите на социјална помош, минималната провизија ќе изнесува 60 денари, со максимален износ од 500 денари.

Дополнително, деблокада на платежна сметка ќе чини 500 денари. За уплата кон платежни сметки во НЛБ Банка, клиентите ќе плаќаат 60 денари, за трансакции до 10.000 денари провизијата ќе биде 100 денари, а за уплата на режиски трошоци кон правни лица со кои Банката има склучено договор, ќе се наплаќа 120 денари, пишува Слободен печат.

Банката ги информираше клиентите дека е извршена измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка, како и на Одлуката за Тарифата на надоместоци. Доколку клиентите не ја известат Банката дека ги одбиваат промените пред датумот на нивната примена, ќе се смета дека ги прифаќаат новите услови, согласно Законот за платежни услуги и платни системи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата на Владата: Зулфиќар Зејнула избран за

24/07/2026
Македонија

Забрането капење во езерото „Младост“ – има појава на цијанобактерии

24/07/2026
Македонија

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните

24/07/2026
Македонија

Нова анализа откри неисправна вода во Пласница и Преглово –

24/07/2026
Македонија

Метеоаларм: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/07/2026
Македонија

Сосетка спречила кражба: Млади момци глумеле полицајци во Штип

24/07/2026
Македонија

Стабилно време за викенд, нов дожд во понеделник – потоа

24/07/2026
Македонија

Фатен на дело измамник од Кавадарци – кај него пронајдени

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44621
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата на Владата: Зулфиќар Зејнула избран за нов министер

24/07/2026

Реконструкцијата на Владата доби финална потврда во Собранието, каде што денеска беше избран новиот министер без ресор Зулфиќар Зејнула, претседател

Забрането капење во езерото „Младост“ – има појава на цијанобактерии

24/07/2026

Водата во езерото „Младост“ во Велес и понатаму не е безбедна за капење и рекреација, покажуваат последните анализи и проценки

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

24/07/2026

Патниците кои во понеделник ќе патуваат кон Грција треба да очекуваат забавен проток на границата, поради најавен штрајк на грчките

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy