Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пералницата на Клинички центар „Мајка Тереза“ во колапс – работниците без плата, машините нефункционални
Македонија

Пералницата на Клинички центар „Мајка Тереза“ во колапс – работниците без плата, машините нефункционални

01/10/2025

AA

Пералницата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работи, а состојбата е алармантна. Според „Слободен печат“, вработените со месеци немаат земено плата, машините се нефункционални, а ниту една клиника од комплексот не ја предава болничката облека во овој супстандарден објект.

Објектот е урнисан, со оштетени ѕидови и кров, протекува вода, а текстилот се чува со натрупување во купови на подот. Машините за перење и сушење се стари со децении, па дел од вработените дури и се повредувале при обиди да ги поправат.

Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ потврдиле дека фирмата „Скопстер“ поднела барање пералницата да премине во владение на Службата за општи и заеднички работи при Клиничкиот центар.

– „Поради изборите во моментот не може да се отвораат постапки за јавни набавки, па проблемот ќе се решава по завршувањето на изборите. Во меѓувреме, дел од обврските се покриваат со локални пералници и соработката со ГОБ ‘8 Септември’“, рекоа од Министерството.

„Скопстер“ тврди дека неможноста навремено да исплаќа плати произлегува од тоа што Заедничките служби ненавремено ги исплаќале долговите. Вработените, пак, за „Слободен печат“ изјавиле дека не се здравствено осигурани, не им тече стажот и се одјавени.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдил дека пералницата е во крајно лоша санитарно-техничка состојба и издавал решенија за отстранување на недостатоци. Но, поради тоа што објектот е единствен од овој вид, не е издадена забрана за работа.

Инаку, „Скопстер“ во 2019 година склучи договор за јавно-приватно партнерство за стерилизација на хируршки инструменти, но проектот со години не е реализиран. Единствената инвестиција досега е направена во „Мајчин Дом“, каде што се вложени 12 милиони евра во современа апаратура, но другите три предвидени локации никогаш не почнале со работа.

Државниот завод за ревизија во април годинава констатираше дека јавно-приватните партнерства не обезбедуваат ефикасни јавни услуги, а конкретниот проект за стерилизација останува нереализиран. Ревизорите предупредуваат дека доколку не се најде решение, ќе има ризик од штети и за институциите и за граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
Македонија

3 НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ Народната банка

06/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕН ЛИМИТ, НОВИ ШАЛТЕРИ И ЦЕЛОСНА ИСПЛАТА НА ИДНИ ПРИЛИВИ

06/11/2026
Македонија

3.000 СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ ПО НОВ МОДЕЛ За одличните студенти по

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46634
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената е во инвалидска количка

06/11/2026

Шеесетгодишен маж од Гостивар е уапсен под сомнение дека подолг период ја принудувал својата 80-годишна мајка, која се движи со

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА БАНКИТЕ Народната банка веќе ги

06/11/2026

Паниката што ја создава претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со најавите за домино-ефект во банкарскиот сектор е неодговорна и може

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од Ресен, Прилеп и од Охрид

06/11/2026

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy