Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПРОТЕСТ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЌЕ СИ ГИ БРАНАТ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ Ќе ѝ порачаат на Кацарска дека им е доста од дискриминација
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПРОТЕСТ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЌЕ СИ ГИ БРАНАТ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ Ќе ѝ порачаат на Кацарска дека им е доста од дискриминација

29/11/2025

AA

Пензионерите во понеделник ќе протестираат пред Уставениот суд.

Пенизонерите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од целата државата ќе протестираат пред Уставниот суд, кој почна постапка за оценка на линеарниот раст на пензиите. Целта на протестот е да продолжи линеарното покачување.

Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

– Во понеделник во 11 часот пред Уставен суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија – изјави пензионерот Зоран Трајков.

Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања. Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка.

Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.

– Ќе се бориме за покачување на посмртннината од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка – вели Митев.

Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје и од Куманово.

– Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите – вели пензиионерката Вера Јовановска.

Пензионерите најпрво добија  линеаро покачување на пензиите од 5.000 денари. Во септември добија покачување од 1.000 денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за уште 1.000 денари.

Уставната судијка Добрила Кацарска, на своја иницијатива го оспори последното линеарно зголемување, како неуставно. Минатата година, кога почна линеарното зголемување на пензиите, таа не виде повреда на Уставот и не покрена никаква иницијатива.

 

УСТАВНИОТ СУД УДРИ НА ПЕНЗИИТЕ Кацарска предложи, колегите прифатија да го оценуваат последното линеарно покачување од 2.000 денари

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy