СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по свое убедување
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница и дека одлуката им ја остава на граѓаните.
– Нема пазарења со никого, нема непринципиелни коалиции. Ќе оставиме граѓаните да одлучат по сопствено убедување. Затоа вчера имавме и состанок на раководството на партијата. Апсолутно не мислам дека треба да се прават непринципиелни коалиции – рече претседателот на СДСМ Филипче.
Според него, внатрешните анализи на партијата покажале раст на СДСМ и зголемување на гласовите во однос на лани.
.
Извор: plusinfo.mk