Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ САМOЖРТВАТА НА ПРЕДЦИТЕ“ Порака од претседателката Сиљановска Давкова за 23 Октомври
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ САМOЖРТВАТА НА ПРЕДЦИТЕ“ Порака од претседателката Сиљановска Давкова за 23 Октомври

23/10/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порача дека почитта кон македонската државност подразбира и признавање на саможртвата на генерациите што се бореле за национална држава. Таа нагласи дека ослободувањето на татковината и создавањето на државноста не можат да се разберат без познавање на историските процеси и идеалите што ја обликувале македонската национална самосвест.

Во честитката по повод празникот, Сиљановска Давкова истакна дека партизаните и нивните потомци со право се повикуваат на Илинденското востание и на комитите, бидејќи саможртвата на оние што се бореле за национална држава не смее да биде премолчена или заборавена.

– Партизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комитите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава. Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив – наведува претседателката.

Таа посочува дека разбирањето на сегашноста е невозможно без познавање и почитување на идеалите и историските чекори преку кои се формирала македонската национална самосвест. Токму затоа, нагласува Сиљановска Давкова, 23 Октомври има особено место во македонската историја.

Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, македонските револуционери ја преточиле вековната желба за слобода во организирана борба за сопствена држава.

– Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба – посочува Сиљановска Давкова.

– Почитта кон предците има смисла само ако нивните идеали ги преточиме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро – порачува претседателката, нагласувајќи дека чествувањето на револуционерното дело не треба да остане само на зборови и историски спомени, туку треба да се потврдува преку вредностите за кои се бореле претходните генерации.

Според неа, историското наследство не е само причина за гордост, туку и морална обврска за унапредување на државата, заштита на човечкото достоинство и создавање општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат реалност.

– Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи – вели Сиљановска Давкова.

Таа оценува дека државата повторно се наоѓа пред историски испит и дека сегашните генерации имаат обврска да го продолжат стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава.

– Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава. Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија – како гарантори на нивната сигурна иднина – наведува претседателката во честитката.

На крајот, Сиљановска Давкова им го честита празникот на граѓаните со порака: „Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го

23/10/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ

23/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46328
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го одбележува основањето на ВМРО

23/10/2026

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy