Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го одбележува основањето на ВМРО
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го одбележува основањето на ВМРО

23/10/2026

AA

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, ќе се одржи свечена академија насловена „Свои на своето!“ во НУ Македонски народен театар.

Свое обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација, пак, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена од пратениците Велика Стојкова – Серафимовска и Даниела Николова, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменик на основачите на ВМРО – Парк „Жена борец“ во Скопје.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која истакнува дека овој ден нè потсетува на највозвиш

Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 11 часот, ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

По повод 23 Октомври, во македонскиот Културно-информативен центар во Софија во средата вечер се одржа културно-историски настан посветен на 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, тематски насловен „Во светлината на слободната“. Настанот беше посветен на историските процеси што го одбележале македонското револуционерно движење, на идеалите за слобода и достоинство, како и на животот и делото на Даме Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО), подоцна позната како ВМРО.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го

23/10/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ

23/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46328
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ САМOЖРТВАТА НА ПРЕДЦИТЕ“ Порака од

23/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порача дека почитта кон македонската државност

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy