Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пензионерите најавија протест пред Уставен суд во понеделник: Бараат линеарно зголемување на пензиите
Македонија

Пензионерите најавија протест пред Уставен суд во понеделник: Бараат линеарно зголемување на пензиите

29/11/2025

AA

Пензионерите кои се залагаат за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека на 1 декември, понеделник, ќе одржат протест пред Уставниот суд во Скопје. Целта, како што наведуваат, е да се изборнат за продолжување на линеарното усогласување на пензиите. На прес-конференцијата побараа масовна поддршка од пензионерите ширум државата.

Пензионерот Зоран Трајков изјави дека протестот ќе започне во 11 часот и дека се очекува присуство на пензионери од сите градови во Македонија. Неговиот колега од Свети Николе, Трајче Станојков, најави дека доколку протестот не даде резултати, демонстрациите ќе продолжат на 10 декември, бидејќи – како што рече – нема да се откажат од своите барања. Освен линеарно зголемување на пензиите, ќе бараат и К-15, повисока посмртнина и воведување пензионерска картичка.

Трајче Митев од Штип истакна дека бараат зголемување на посмртнината од сегашните 35.000 на 50.000 денари, како и создавање фронт за воведување на пензионерска картичка.

На денешниот собир присуствуваа пензионери од Штип, Свети Николе, Скопје и Куманово. Пензиионерката Вера Јовановска порача дека ќе продолжат да се борат против, како што рече, дискриминацијата и дека бараат линеарно зголемување кое ќе важи за сите.

Пензионерите веќе добија линеарно покачување од 5.000 денари, во септември на картичка им биле исплатени дополнителни 1.000 денари, а во март следната година е најавено ново усогласување во иста висина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42207
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk упати остри критики кон актуелната влада,

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека е прерано да се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy