Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пентагон размислува да испрати помош за Украина без одобрение од Конгресот
Македонија

Пентагон размислува да испрати помош за Украина без одобрение од Конгресот

29/02/2024

AA

Американското Министерство за одбрана ја разгледува можноста за испраќање на последниот расположлив воен ресурс за помош во Украина за поддршка на Киев во војната со Русија, дури и без гаранции дека овие пари потоа ќе бидат вратени од Конгресот, објави Укринформ, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Според неименувани претставници на американската телевизија, цитирани од ТВ каналот, Пентагон се уште има средства во износ од околу 4 милијарди долари од сопствениот буџет, кои теоретски би можел да ги искористи за испраќање воена помош за Украина од својот арсенал.

Агенцијата претходно соопшти дека не е подготвена да потроши повеќе пари за да му помогне на Киев без гаранции дека потоа ќе бидат вратени од Конгресот ако и кога законодавниот дом го одобри барањето за дополнителна воена помош за Украина во износ од 60 милијарди долари.

Засега не е донесена одлука, нагласуваат изворите на CNN. Според нивните зборови, сепак, во последниве недели стана уште поитно прашањето да се постави на дискусија со оглед на фактот дека ситуацијата на бојното поле во Украина станува се потешка.

Како што претходно објави Укринформ, американскиот претседател Џо Бајден се сретна со раководството на Конгресот. Една од темите на разговорите беше итната потреба од усвојување на законот за нов пакет воена помош за Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy