Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Алармантно: Младите не сакаат потомство или го создаваат во туѓи држави
Македонија

Алармантно: Младите не сакаат потомство или го создаваат во туѓи држави

29/02/2024

AA

Сѐ уште во јавноста одекнува веста дека новото полугодие во Штип почна без 50 деца, кои со своите родители си заминале во странство. Но, ако малку се пребара по старите вести, ќе се види дека од овој град лани заминале 150 деца, а во 2018 година осумдесетина деца се отпишале од штипските градинки и училишта. Но, состојбата не е карактеристична само за Штип. Младите заминуваат од сите градови во државава, анализира порталот Пари.

Покрај отселувањето, кое масовно го намалува пазарот на трудот и сериозно ја загрозува иднината на земјата, и Македонија, како и другите европски земји, го следи трендот на негативни стапки на природен прираст.

Државниот завод за статистика вчера ги објави  податоците за четвртиот квартал од 2023 година, а според нив и во последниот квартал од годината природниот прираст е негативен, овој пат за 843 лица, што значи за толку бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Порталот „Пари“ ги собра податоците од сите квартали во 2023 година и дојдовме до податок за негативен прираст од 3.425 лица во 2023 година, затоа што лани имало 16.313 живородени деца, а во истиот период бројот на умрени бил 19.738 луѓе.

Ако фрлиме поглед наназад и видиме што се случувало во изминативе 10 години, податоците покажуваат дека во 2013 година имало 23.138 живородени деца, што е дури 6.825 повеќе отколку во 2023 година. Тоа значи дека бројот на живородени деца во 2023 година е намален за 29,5 % во однос на 2013 година, што е буквално демографска катастрофа!

Живородени деца

А еве и еден уште пошокантен податок: пред 30 години, односно во 1994 година, бројот на живородени деца во Македонија бил 31.421! Дефинитивно, огромна разлика во споредба со 16.313 живородени деца во 2022 година.

ЗОШТО СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА БЕБИЊА?

Демографските аналитичари укажуваат на две причини поради кои се намалува бројот на живородени деца. Од една страна, тоа е сѐ помалиот интерес за многудетни семејства, сѐ подоцнежно стапување во брак, но и немање интерес за основање семејство. Од друга страна, тоа е отселувањето на младото население, кое создава семејство во туѓи држави.

Намалувањето на населението е повеќе од евидентно во демографските статистики. Државниот завод за статистика проценил дека на 31.12.2012 година сме имале 2.062.294 жители, а во 2022 – 1.829.954, или, населението се намалило за 232.340 жители! Тоа е повеќе од 11 %.

Демографите обраќаат внимание на тоа дека кога населението се отселува, се отселуваат жените во фертилниот период, односно се отселуваат млади луѓе. Тоа го потврдуваат и податоците од пописите. Во 2002 година вкупниот број млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24 % од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18 % од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на младото население што е на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150.000 граѓани. Но, истражувачката организација „Рекатор“ открива и дека податоците меѓу двата пописа покажуваат дека 100.000 граѓани што во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години не се евидентирани во Пописот од 2021 година. Очигледно, тие се отселиле.

Во документот за проекциите на населението до 2070 година, Државниот завод за статистика наведува дека ние немаме некоја прецизна евиденција за отселувањето на населението. Сепак, ДЗС дава одреден приказ за отселени граѓани во други држави, а и од него може да се види трендот на раст на отселувањето. Во периодот од 2015 до 2022 година, бројот на годишните отселувања станал повеќе од двојно поголем. Имено, во 2015 година се отселиле 767 граѓани, а во 2022 година се отселиле 1.905. Во тие 8 години, вкупниот број на отселени бил 6.176. Така барем велат податоците со кои располагаат статистичарите, иако е јасно дека таа бројка е поголема.

Отселени во други држави

ПОВЕЌЕ УМИРААТ ОТКОЛКУ ШТО СЕ РАЃААТ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
Македонија

ПО РАСПРАВИЈА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА СЕ СРЕТНАЛЕ НА ОБИКОЛНИЦАТА, ПА ПУКАЛ

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46970
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ ЈА УКРАЛ ЧАНТАТА Разбојникот извадил

27/11/2026

Жена во Тетово останала без 4.000 денари откако маж ѝ се заканил со нож додека седела пред кафетерија и пиела

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ Целосен прекин на магистралата

27/11/2026

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје вечерва е целосно во прекин кај селото Ботун, откако патничко возило излетало од

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен раководител на „Водостопанство“ во Кочани

27/11/2026

Раководител на подружницата „Брегалница“ на „Водостопанство“ во Кочани е кривично пријавен под сомнение дека овозможил пет лица да земаат плата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy