Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот
Македонија

Пендаровски: Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот

05/05/2024

AA

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе…, сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет, вели Стево Пендаровски во пораката по повод 5 мај Денот на македонскиот јазик.

Тој вели ,,сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни’’.

Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов, наведе Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За 4 месеци годинава уапсени 15 пиромани

29/08/2026
Македонија

Маж од струшко истепан од сосетката, му ги земала и

29/08/2026
Македонија

Димитриеска Кочоска: Секој денар од Буџетот и секое евро од

29/08/2026
Македонија

Се уште гори меѓу Студеничани и Зелениково, вкупно активни 5

29/08/2026
Македонија

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта

29/08/2026
Македонија

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и

29/08/2026
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45320
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За 4 месеци годинава уапсени 15 пиромани

29/08/2026

Од Министерството за внатрешни работи за 4NEWS.mk информираат дека во периодот од 1-ви мај до 25-ти август година, приведени биле

Маж од струшко истепан од сосетката, му ги земала и парите!

29/08/2026

На 28.08.2026 во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека Л.О. од струшкото село Октиси во неговиот дом во

Димитриеска Кочоска: Секој денар од Буџетот и секое евро од европските фондови се средства на

29/08/2026

Силните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy