Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски-Османи: Заедничката иднина на Северна Македонија и Косово во евроатлантските структури е влог во натамошна стабилизација на Западен Балкан
Македонија

Пендаровски-Османи: Заедничката иднина на Северна Македонија и Косово во евроатлантските структури е влог во натамошна стабилизација на Западен Балкан

26/04/2023

AA

Северна Македонија и Косово имаат значајно место со својата активна улога во напорите за постигнување трајна стабилност, добрососедство и економскиот просперитет. Двете држави не се само географски блиски, туку и имаат иста визија за иднината. Билатералната соработка е зајакната во многу области, но секогаш има простор за нејзино надоградување. Ова е заклучокот од средбата меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и неговата косовска колешка Вјоса Османи Садриу.

-Разменивме мислења и информации за актуелните теми од билатералните односи, за состојбите внатре во двете земји, за нашата актуелна и идна економска соработка, како и за регионалните прашања и европските интеграции кои за жал се одвиваат под притисок на негативните ефекти од руската инвазија врз Украина. Констатиравме дека заедничката иднина на двете држави во евроатлантските структури е влог во натамошна стабилизација и просперитет на регионот на Западниот Балкан, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со Османи.

Тој ја реафирмираше поддршката за евроатлантските аспирации на Косово, истакнувајќи дека Северна Македонија е подготвена да ги сподели своите искуства во однос на реформските процеси и како на патот кон ЕУ, така и во однос на членството во НАТО.

-Ја поддржуваме одлуката на ЕУ за визна либерализација за Косово и активно го поддржуваме учеството на Косово во различните регионални и континентални формати на соработка. Неизбежна тема беа и односите на Косово со Србија, при што го реафирмирав нашиот став по ова прашање, а тоа е дека го поздравуваме постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, чија што имплементација ќе придонесе за мирот, стабилноста, безбедноста и развојот не само на нашите соседи, туку и на регионот во целина, нагласи Пендаровски.

Тој изрази благодарност на согласноста и на Белград и на Приштина за одржувањето во нашата држава на важна сесија од нивниот дијалог, што само, како што рече, ја потврди принципиелната политика која ја водиме и која во изминативе години, преку компромисите што ги направивме, ја засили внатрешната кохезија на македонското мултиетничко општество, придонесе за регионалната стабилност и ја врати земјата во виталните институции на западната Алијанса по долги години самонаметната изолација.

-Подготвени сме и во својство на актуелни претседавачи со ОБСЕ да го помогнеме овој процес особено во фазата на имплементација на одредени делови од постигнатиот договор, во согласност со двете инволвирани страни, рече Пендаровски.

Запрашан за став околу Заедницата на српските општини, Пендаровски рече дека државава не зазема страна во тие преговори.

-Тоа е разговор помеѓу две држави за целосно заокружување на меѓународниот правен статус и политички статус на Косово. Во Охрид ние бевме само домаќини, се надевам добри домаќини. Она што ние можеме без да им го кажуваме директно на нашите косовски и српски пријатели е примерот што ние го даваме на целиот регион и пошироко и искуствата, кои ги имаме во изминатиот период. Компромисите кои ги направивме. Северна Македонија има и ќе продолжи да има еднаков однос и кон Србија и кон Косово. Ние ги признаваме двете држави, имаме амбасади во двете држави. Тие имаат амбасади, имаме целосно дипломатски односи, така што нема намера да заземаме страна, нагласи Пендаровски.

Финалната одлука, оцени Пендаровски, за тоа што ќе прифатат во тој дијалог, во тие разговори е на легитимните органи во Приштина и во Белград.

– Ние сме тука само добри комшии кои би сакале што е можно побрзо да видат крај на долг спор кој објективно ја успорува регионалната соработка која е многу значајна подготовка за целосно интегрирање во евроатлантските структури, оцени тој.

На средбата со косовската претседателка разговарале и за можностите за унапредување на правата на Македонците во Косово, во време кога, како што кажа, за жал некои странски пропаганди се повторно активирани.

-Во таа насока наша заедничка цел е зближување на граѓаните од двете страни на границата и олеснување и интензивирање на прекуграничната соработка, нагласи Пендаровски.

Косовската претседателка Османи, од своја страна, изрази благодарност за поддршката на Северна Македонија за Косово, и за гласот на Северна Македонија што го даде за Косово во Комитетот на министри во Советот на Европа.

-Косово и Северна Македонија не се само географски блиски, но се и држави кои имаат иста визија за иднината. Од почетокот на билатералните односи имаме добар напредок во билатералната соработка во многу области. Имаме над 40 билатерални договори и многу меморандуми меѓу министерствата, како и иницијативи со кои ќе се потпишуваат нови меѓународни договори, рече Османи.

Таа кажа дека е почестена дека е во држава која, како што рече, многу нејзини сонародници ја нарекуваат своја земја.

-Освен во придонесот на Албанците во изградбата на институциите на Северна Македонија, Албанците биле и ќе бидат важна позитивна сила за постигнувањето на евроатлантските аспирации. Важно е да има поддршка на Албанците во Северна Македонија во сите сфери на општеството, како еднакви граѓани кои придонесуваат во напредокот на Северна Македонија. Во секоја држава, оцени таа, унапредувањето на правата на граѓаните е столб на демократијата на секое општество.

Таа додаде дека двете држави се посветени на унапредување на мирот и стабилноста на регионот, во којшто се уште има предизвици и иницијативи за дестабилизација.

-Нашите земји се на страната на демократијата на народот на Украина којшто е под инвазија на Русија. Сите земји од Западен Балкан треба заедно да работат против негативното влијание на Русија во регионот, оцени косовската претседателка, која е во официјална посета на државава.

Запрашана како ги коментира случувањата во северниот дел на Косово Османи рече косовскиот Устав бара сите граѓани да се еднакви пред законите.

-Тоа значи дека тие што не го почитуваат треба да се соочат со последици. И во оваа смисла сите обиди на нашите безбедносни институции кои се во согласност со највисоките демократски стандарди е да се воспостави редот и мирот на северот на Косово. Ова опфаќа стотици акти за борба против корупција и високиот криминалитет што го има на северот на Косово организиран од криминалните групи што се на црната листа на САД, рече Османи Садриу.

Во однос на дијалогот Белград-Приштина таа рече дека резултатот од разговорите зависи од двете страни што преговараат, како и од тоа дали разговорите се во согласност со принципот на меѓусебна доверба.

-Во конкретниот случај она што можам да гарантирам јас како претседателка на Косово ќе учествува и во оваа рунда на разговори, рече Османи Садриу.

Двајцата претседатели по заедничката средба положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Косовската претседателка утре ќе престојува во Тетово, каде што ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy