Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОРУПЦИЈАТА УБИВА СЕ – Излагачите на Самитот Македонија 2025 со посебен осврт на начините за развој на компаниите и економиите
Економија

КОРУПЦИЈАТА УБИВА СЕ – Излагачите на Самитот Македонија 2025 со посебен осврт на начините за развој на компаниите и економиите

26/04/2023

AA

Како да се
направи нешто поразлично и да се покрене економијата, како до идеја за нешто
поинаку, но и упорност при реализацијата и покрај неуспесите. Отстранување на
корупцијата од сите државни и владини тела и нејзино елиминирање. Ова се мал
дел од советите на панелистите кои земаа учество на денешниот Самит на Македонија
2025.

– Продолжите
да се обидувате со различни стратегии или различни пристапи при промоција и
пласман на своите производи на нови пазари, дури и кога првите пати се
неуспешни. Имавме искуство во кое што се обидувме да се пласираме на нов пазар,
но за жал не успеавме. Пласманот на нови пазари не е лесно, потребни се
стратегии и реализација. Ние дури и менувавме и тимови и стратегии и успеавме
после петтиот обид да се пласираме и да успееме на тој пазар – вели Живко
Мукаетов, Генерален директор на „Алкалоид“.

Мукаетов беше
еден од излагачите на панелот насловен „Стратегија или Реализација“, заедно со
Адриан Шеху, генерален менаџер на „TCN Albania“и Кетеван Бошоришвили, поранешна заменик
министерка за економија на Грузија. Модераторот на овој панел, Борко Ханџиски, член
на бродот на Директори на Македонија 2025 посочи дека целта е да се има идеја,
а панелот го започна со прашањето што е позначајно стратегијата или
реализацијата.

– Борбата
со корупцијата е најбитна, бидејќи корупцијата убива се. Во Грузија почнавме со
реформа на полицијата, кој беше најкорупиран сегмент, но и воопшто реформи
имаше во севкупната администрација и бирократија. Во еден ден отпуштивме 20
илјади полицајци и следниот месец немавме криминал. Потоа ги стопиравме сите
лиценци и почнавме да ги издаваме тек кога бевме свесни дека корпупцијата е
искоренета и кога најдовме начин да ги издаваме и да ја вршат целтта за која се
издадени. Дури пристапивме и кон измени на универзитетите, каде исто така
корупцијата беше широко распространета. Иако луѓето на почетокот тешко ги
прифаќаа промените, сепак, подоцна увидоа дека ефектот на променти вродува со
плод – истакна Кетеван Бошоришвили.

Таа посочи дека било пристапено и кон намалување на Владата во Грузија, појасувајќи
дека по распадот на СССР, Грузија наследила се што е лошо, се затворале
компании, имало многу криминал, сиромаштијата. Сепак, додава дека
успеале по смената на власта во 2004 година во една деценија да ги променат
состојбите во Грузија и денеска земјата важи за една од најбезбедните со голем
прилив од туризмот.

– Потребна е силна политичка волја за промена,
тоа е најважно. Ако нема политичка волја, тогаш џабе се стратегии и
реализација. Формулата беше дека сакаме да ја смениме државата, прво да се
намали Владата, да се намали бирократијата. Иако имаше отпор, целта беше да се
донесат млади луѓе кои ќе воведат промени, кои не биле допрени од корупцијата и
кои ги делат истите вредности и волја. Па дури потоа градевме стратегија и
реализација за патот на Грузија – истакна Бошоришвили, која веќе преминала во
приватниот сектор. Таа дополни дека успеале со иновативни мерки,
да го го подобрат туризмот во земјата, да привлечат инвестиции и посетители,
што придонело и за равој на земјата.

Генералениот
менаџер на „TCN Albania“
Адриан Шеху пак потенцираше дека не се може ниту без стратегија ниту без
реализација.

– Ако
имате стратегија, а таа не се реализира, џабе ја имате. Ако нема стратегија,
тогаш не се знае кај се тера. Но, мора да се има предвид, дека и не треба
цврсто да се држите до стратегиите туку и нив да ги прилагодувате, на нови
услови, но не секој ден, туку за големи потреби – потенцираше Шеху.

Првиот човек на
„Алкалоид“, Живко Мукаетов пак посочи дека според него најбитни се луѓето,
кадрите во компаниите, истакнувајќи дека ако нив ги нема, ако луѓето не се
разбираат и не ги прифаќаат целите тогаш стратегиите не можат да се релизираат.

– Луѓето
се клучни, ако они се разбираат, се може да се постигне. Ни треба технологија,
ни требаат новини, инвестиции во разни сегменти, но тоа се прави со луѓето. Се
почнува и завршува од нив, да бидат добро едуцирани, да бидат посветени на
целите. Тука би истакнал дека сум особено благодарен на програмата на Мајк
Зафировски, ние веќе имаме пет вработени кои беа на обука и кои донесоа нови
погледи во компанијата. Дополнително имаме и други обуки и тежнееме кон стекнување
знаење. Секој пат треба да се верува во својата култура, секое време има своја
коултура, новите генерации имаат нови карактеристики, но ова е тимска работа,
секој треба да е малку флексибилен – укажа Мукаетов. Тој за крај истакна дека
треба да се прошират гледиштата, и дека не боли да се обидат компаниите да го
прошират бизнисот, барем во регонот, а потоа и поширокот бидејќи домашниот
пазар е мал, можностите за раст се поголеми со ширење и на други пазари.

Централна тема на годинешниот Самит Македонија 2025, што започна
денес, а ќе трае и во текот на утрешниот ден е „Зајакната соработка и силно
приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии
преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна општествена трансформација“.

Од основање досега
Македонија 2025 има имплементирано програми за економски развој со вкупна
вредност од 3,6 милиони долари. Во секторите образование и лидерство досега се
донирани 1,7 милиони долари, а во овие програми вклучени беа над 670 менаџери,
претприемачи и млади таленти.

На денешниот прв ден меѓу гостите можеа да се забележат бројни бизнисмени и
истакнати економисти од земајта, но и гости од странство. Меѓу многубројните
гости беа и поранешните министри за финансии Трајко Славески и Нина Ангеловска,
а посебно столче имаше и за актуелниот министер за финансии Фатмир Бесими.  

Петранка
Огнаноска

Фото: Вангел Тануровски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46446
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен и врнежлив ноември

29/10/2026

Променливо облачно време, повремени врнежи од дожд и постепено заладување ја очекуваат Македонија во наредните три дена. Врнежи се најавуваат

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека политиките кои ги води се

29/10/2026

Премиерот вели дека Владата е фокусирана на проекти, дека ја зголемила борбата против криминалот и дека ги брани државните интереси.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy