Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Јасно е дека во декемврискиот Самит нема да има позитивна одлука за нас
Македонија

Пендаровски: Јасно е дека во декемврискиот Самит нема да има позитивна одлука за нас

18/11/2023

AA

Исходот од декемврискиот Самит е јасен каков ќе биде, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот Самит не може да има позитивна одлука за нас.

Ова го изјави денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски, во одговор на новинарско прашање во врска со очекувањата од Самитот на лидерите на Европската Унија за Западен Балкан што ќе се одржи во декември.

Пендаровски, кој се обрати на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023 на тема „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“, смета дека условот не се исполнува, а овој месец завршува скринингот, и, како што истакна, тоа беше главниот предуслов да продолжи земјава со втората конференција.

Прашан дали смета дека власта и опозицијата ќе се договорат околу датумот на изборите и дали споредно него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено, претседателот Пендаровски изрази мислење дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и оти можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период.

-Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период, изјави претседателот Пендаровски.

На прашањето за наводното „подгревање“ на меѓуетнички тензии со крстот на Шапка, Сопот итн., Пендаровски рече дека меѓуетничките тензии може да се поткреваат само ако политичките актери на идните избори имаат интерес да ги поткреваат тие тензии за добивање политички поени.

-Тоа е апсолутно непотребна авантура за кој било во Македонија, бидејќи знаеме како сме поминувале во минатото кога сме имале меѓуетнички тензии и меѓуетнички конфликти. Сакам сето тоа, сите тие обиди од која било страна да доаѓаат да ги сместам во тој контекст; предизборието, пар месеци пред избори ако бидат на пролет и опасен начин да дојдете до политички рејтинг и политички поени кои инаку не би ги добиле, рече Пендаровски.

Додаде дека тоа е крајно опасно и дека нема да биде дестабилизирана државата, меѓутоа можат да се влошат меѓуетничките односи меѓу етничките заедници во земјава и тоа е, како што рече, последната работа која ни треба покрај сите проблеми.

Според него, ниту една политичка тензија во рамки на меѓуетничките односи не може да ја дестабилизира земјава, со причина што рамка која функционира веќе 22 години во тој дел, но, како што рече, лошо е како политичка пракса и како обиди на поединци или политички субјекти на тоа да ќаруваат поени.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека премногу е рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после нова година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy