Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер против најтешкиот можен ривал ќе го почне плејофот во АБА2!
Спорт

Пелистер против најтешкиот можен ривал ќе го почне плејофот во АБА2!

12/03/2023

AA

Кошаркарите на Пелистер од последното осмо место ќе влезат во плејофот во АБА2-лигата по одигрувањето на последните средби од регуларниот дел, што значи пресметката со словенечки Хелиос, најдобриот тим сезонава во ова натпреварување, кој воедно ќе биде и домаќин на завршниот турнир.

За битолчани самиот пласман во доигрувањето е историски успех, со оглед што им дава можност да станат само третиот македонски тим кој би изборил настап во елитната јадранска конкуренција. По вчерашниот пораз од Подгорица, единствена шанса за избегнување на најтешката задача беше пораз на Сутјеска од Слога што ќе им ја донесеше седмата позиција, но тоа не се случи со оглед што црногорците го добија директниот дуел за плејоф со 77-70.

Решавачките дуели за тоа која екипа ќе избори директен пласман во АБА, а која ќе игра бараж со претпоследниот тим од најдоброто друштво во регионот ќе се одиграат во Домжале во периодот помеѓу 12 и 16 април. Со евентуална победа во четврт-финалната пресметка со Хелиос, кошаркарите на Пелистер би се избориле за полуфинале во која противник би им бил подобриот од дуелот помеѓу Подгорица и Златибор. На другата страна од костурот, пак, ќе се одиграа дуелите помеѓу Крка и Сутјеска односно Борац Бања Лука и Широки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy