Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер бара брза разрешница од дисциплинецот за „случајот Христовски“
Спорт

Пелистер бара брза разрешница од дисциплинецот за „случајот Христовски“

28/02/2023

AA

Битолски Пелистер, еден од кандидатите за Прва лига во актуелната второлигашка сезона побара брза разрешница и почитување на рокот од осум дена од страна на дисциплинската комисија за случајот со неправилната регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски во лидерот Гостивар.

На Гостивар му се заканува одземање на бодови (од три до девет бода) и парична казна од 1.000 евра, а на Христовски суспензија од една до две години, според дисциплинскиот правилник откако и клубот и фудбалерот завршшија на дисциплинска за случајот со настапот во воведното коло против Локомовтива (1-0), за кој натпреварувачката комисија не најде проблем за настап и го регистрираше мечот со истиот резултат, зашто при регистрацијата никој не ги искористил осумте дена право на жалба.

„ФК Пелистер апелира што е можно побрзо да се донесе одлука за дисциплинската постапка врз ФК Гостивар за „случајот Христовски“, во интерес на регуларноста на натпреварувањето. Апострофираме да се почитува рокот од осум дена кој е наложен како период во кој треба да се донесе одлука за спорната регистрација на фудбалерот“, објави Пелистер денеска.

Битолчани бараат брза разрешница зашто одолговлекувањето на конечна одлука на дисциплинецот, зашто веќе викендов почнува седумдневната прва разврска за местата во Првата лига.

Гостивар е домаќин Пелистер во среда на 8 март, а потоа следува мечот идниот викенд на Воска Спорт и Гостивар, а првиот дел од разврската за врвот завршува со пресметка на Воска и Пелистер на 19 март. Затоа и битолчани бараат брза разврска за да не влезе потоа во „круг на математички шеми“ во зависност од исходот на мечевите на лидерот.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy