Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство
Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

28/02/2023

AA

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство.

„Денес на прес конференција Ковачевски ме обвини дека сум наредувал недолични напади врз неговата сопруга и неговата ќерка.
Сите кои ме познаваат знаат дека тоа не е моја одлика, станува збор за безочна лага и навистина жалам што политичката комуникација се сведе на толку ниско ниво.

Почитувана македонска јавност,

во интерес на вистината го повикувам Ковачевски веднаш до обвинителство да достави докази и истите да ги покаже јавно, а доколку тоа е така како што тој тврди, јас веднаш се повлекувам од политиката. Доколку тоа не го стори многумина ќе очекуваат да го тужам и правдата за оваа лоша лага да ја барам на суд…, но тоа нема да го сторам…, овој човек што го вовлекува своето семејство не заслужува такво внимание, поради што и сум и вистински згрозен.

Воедно јас нема себе си да се прикажувам за жртва поради тоа што на моето семејство му се доделуваат невкусни ептитети и тоа токму од инсталициите на власта, оние кои управуваат медиуми и тие кои добиваат пари од истите, тоа што се инволвираат членови на моето семејсво во црна кампања, мојата сопруга, мајка, татко, сестра, тоа што се подметнува наводно скриен имот кој не е мој итн, итн. Јас нема да говорам за сето ова, зошто мојата решеност да одам до крај и да се борам за иднината е поголема од секоја нивна слабост и подмолност.

А вам две дами Ковачевски, не Ве познавам и сакам од срце да ви се извинам што морате ова да го читате. Имате мој поклон до земја. Со ништо не сум сторил нити ќе сторам да ја повредам вашата чест и достоинство, ниту на памет ми паднало семејства да вовлекувам во дневна политика. Ви посакувам бескрајно многу здравје и сила ова да го издржите. Знам што е да си сопруг и родител и јас за моето семејство ќе сторам се во животот, затоа го почитувам секое друго семејство затоа што знам дека тоа му значи на некого онолку колку моето мене ми значи, а ми значи СЕ на светот“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45046
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026

На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, скопско кон домот бил фрлен

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити градоначалникот, Владата реагираше брзо

16/08/2026

Премиерот Христијан Мицкоски инсистира јавно да се објави официјалниот извештај и анализата што потврдуваат дека водата во Гостивар е безбедна

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy