Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер ја избегна судбината на Вардар – со големи три бода се враќа од Кавадарци
Спорт

Пелистер ја избегна судбината на Вардар – со големи три бода се враќа од Кавадарци

09/03/2024

AA

Шампионот на Македонија, Пелистер ќе остане на чело на табелата во ракометната Суперлига по денешниот триумф на жешкото гостување во Кавадарци.

Пред две недели, во салата „Јасмин“ падна Вардар, но битолчани очигледно добро се подготвија за тоа што ги очекува и славеа со 24-21 за максимален ефект во плејофот. Тиквеш настапи без најдобриот стрелец во Суперлигата од претходните две сезони Страхиња Симиќ, додека Ани Обина, кој на претходниот меч доживеа повреда, сега имаше мала минутажа и не постигна ниеден гол. Кај Пелистер недостасуваа Костески и Атанасијевиќ.

Дури и без своите најдобри играчи, Тиквеш долго време се одржуваше во игра. Пелистер првпат се одлепи на +4 (11-7) во 22. минута од мечот, а на полувреме се замина со 12-10 за гостинскиот тим. Во вториот дел, битолчани најчесто беа на +2 со тоа што Тиквеш не дозволуваше противникот резултатски да се одлепи и ја задржа неизвесноста до крајот. Домашните ракометари неколку пати имаа можност и да израмнат, но не ги искористија своите шанси и Пелистер мирно го приведе мечот кон крајот.

Богдан Радивојевиќ со седум гола беше најефикасен кај Пелистер и воопшто на мечот, а Кузмановски додаде пет. Исто толку, во домашниот тим постигнаа Анастасовски и Мијатовиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата

21/08/2026
Македонија

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9

21/08/2026
Македонија

Нема повеќе возење без контрола: Сите службени возила на Град

21/08/2026
Македонија

Мицкоски: 14 луѓе живи гореа во Тетово, а Обвинителството не

21/08/2026
Македонија

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај

21/08/2026
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45157
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата за пиење

21/08/2026

По периодот на здравствена неизвесност предизвикан од појавата на стомачни заболувања, состојбата во Гостивар се смирува. Надлежните здравствени служби утврдиле

Проработе единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава – денеска закажани 9 снимања

21/08/2026

По повеќемесечно чекање на онколошките пациенти, единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно е ставен во функција. Од денеска се започнати

Нема повеќе возење без контрола: Сите службени возила на Град Скопје под GPS надзор

21/08/2026

Секое движење на службените возила на Град Скопје и јавните претпријатија отсега е под постојан надзор преку GPS систем, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy