Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ерменија размислува за членство во Европската унија
Македонија

Ерменија размислува за членство во Европската унија

09/03/2024

AA

Ерменија ја разгледува можноста за аплицирање за членство во ЕУ, најави министерот за надворешни работи Арарат Мирзојан. Тој го изјави ова во време кога Ереван се обидува да изгради поблиски врски со Западот со оглед на тензиите со традиционалниот сојузник Русија, објави Ројтерс.

„Во моментов се разговара за многу нови можности. Нема да биде тајна ако кажам дека тие вклучуваат членство во ЕУ“, рече Мирзојан во интервју за турскиот ТВ канал ТРТ Ворлд.

Тој ова го изјави на маргините на дипломатскиот форум во турскиот медитерански град Анталија.

Откако дојде на власт со револуција во 2018 година, ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги продлабочи врските на Ерменија со Европа и Соединетите Држави, постојано разгневувајќи го традиционалниот сојузник Русија, забележува Ројтерс.

Ереван постојано повторува дека сојузот со Москва не се протега на војната во Украина, а Пашинјан ја обвини Русија дека се обидува да ги поткопа темелите на неговото владеење.

Ерменија, исто така, ја обвинува Русија дека не ја заштитува од својот долгогодишен противник Азербејџан, кој во последните години се зближи со Москва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра, Мицкоски најави намалување на

05/07/2026
Македонија

Повреден пожарникар при гаснењето на големиот пожар кај „Рампа“ во

05/07/2026
Македонија

Петровска: Моето учество во „Разговори за Македонија“ е за доброто

05/07/2026
Македонија

До 18 часот вкупно 17 пожари низ Македонија

05/07/2026
Македонија

Брза реакција кај „Рампа“: Локализиран пожарот во Кисела Вода, повреден

05/07/2026
Македонија

Се запали магацин во Скопје, се слушаат пукотници

05/07/2026
Македонија

Трагедија во Србија: Двајца 18-годишни најдобри другари загинаа во тешка

05/07/2026
Македонија

Мицкоски најави поскапување на горивата: Дизелот со повисока цена за

05/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44183
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy