Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пекарите од денес испорачуваат леб и за 33 денари – ќе има замрзнување на цените и на други производи
Македонија

Пекарите од денес испорачуваат леб и за 33 денари – ќе има замрзнување на цените и на други производи

04/03/2023

AA

Пекарската индустрија најави дека од денеска ќе почне да испорачува бел и полубел леб по цена од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата по владината одлука за замрзнувањето на цената заклучно со 31 мај годинава. Од Владата остануваат на ставот дека со одлуката ги штитат граѓаните и велат дека прават пресметки за можно замрзнување на цената и на други прехранбени производи.

– Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби, принудени сме да се прилагодиме и да ги намалиме загубите со одредени видови леб, но и да намалиме од бројот на вработени. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, рече вчера на прес-конференција претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ.

Според него, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра. Владата, вели Малишиќ, воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација и ниту е свесна, како што рече, дека со ваквите популистички мерки уништува една од стратешките индустрии во земјата.

По одлуката што Владата ја донесе на 28 февруари за замрзнување на цената на лебот, како одговор дека и покрај субвенционираната струја за прехранбениот сектор не се намалени цените, пекарите одговорија со прекин на производството и полиците во големите маркети беа празни. По ова, Владата завчера интервенираше со дополнителна одлука со која ги обврза пекарите да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб, а трговците да го прибавуваат и продаваат. Надзорот на Државниот пазарен инспекторат, како што обарзложија од Владата, утврдил сериозно нарушување на домашниот пазар во Скопје и Тетово, поради недостиг на леб и полубел леб, чија цена е замрзната.

Премиерот Димитар Ковачевски и вчера порача дека Владата нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.

Тој најави дека во блиска иднина е можно да бидат замрзнат цените и на некои други прехранбени производи, за што калкулациите веќе се прават.

– Цената на лебот е замрзната за да се заштитат граѓаните, рече Ковачевски и изрази разочарување од некои производители кои, како што рече, според објавуваните сметки, продавале бел и полубел леб во вечерните часови по цена од 50 денари.

Според премиерот, Владата нема да дозволи некој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.

– Не држи објаснувањето дека мала пекараница може да произведе поевтин леб од голема пекарница. Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип леб се тие што го добија најголемиот дел од субвенциите за електрична енергија што никаде не можете да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она за што исто така за оваа цена имаат маржа, зашто калкулацијата беше правена од пекарската индустрија. Да се заработува на грбот на граѓаните кога треба да покажеме солидарност, е нешто најлошо што може да направи една компанија. Од друга страна, има одговорни комапнии и на нив сакам да им се заблагодарам, изјави Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши, вчера рече дека Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи.

-До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави Бектеши, во гостувањето на Тема на денот на телевизија Сител, посочувајќи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“.

– Граѓаните треба да добијат леб, како основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на спортската сала во скопско Стајковци.

Државниот пазарен инспекторат вчера информираше дека при надзорите за претходните два дена во над 460 економски субјекти е утврдено дека цената на белиот леб се движи од 25 до 33 денари.

-Дури на некои места, леб со поголема грамажа од предвидената во Одлуката се продава по 33 денари. Генерално се почитува владината Одлука за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, но имаше и такви трговци кои ја прекршиле оваа Одлука, за што беа изречени казни во висина од над 300.000 денари, информираше ДПИ.

Ако се утврди прекршување на одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија, кои изнесуваат од 800 до 10. 000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Со одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот истовремено беше укината и мерката за субвенционирана струја за прехранбениот сектор што беше во сила од декември минатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за вештиот наод за нанесена душевна

23/09/2026

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски беше гостин во емисијата „Колегиум“, на телевизија Алфа и се осврна на темата за поранешниот

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy