Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 11 лекари утврдиле дека Боки 13 не може да се лекува во затворски услови, вели правниот тим на Јовановски
Македонија

11 лекари утврдиле дека Боки 13 не може да се лекува во затворски услови, вели правниот тим на Јовановски

04/03/2023

AA

Правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 денеска испрати ново соопштение за здравствената состојба.

Тие ја информираат јавноста дека согласно сите веќе доставени медицински докази до судот кои со сигурност упатуваат на фактот дека осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 не може да се лекува во пенални услови.

„Поради степенот на високиот јавен интерес, водејќи се од начелото на транспарентност, а во врска со актуелните случувања поврзани со постапката за прекин на издржување на казна затвор, согласно одредбите од Законот за извршување на санкции на осуденото лице Бојан Јовановски со прекар Боки 13 ја информираме јавноста дека согласно сите веќе доставени медицински докази (медицински конзилијарни стручни мислења) до судот кои со сигурност упатуваат на фактот дека осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 не може да се лекува во пенални услови, а особено поради конзилијарното мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје од 23.01.2023 година, мислење кое беше истакното и издвоено од страна на Основниот Кривичен суд при известувањето до јавноста од страна на судот на ден 17.02.2023 година. Во посоченото мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје се вели дека специјалист истите од таа клиника се согласни со дадените препораки од страна на колегите хирурзи од ЈЗУ УК СВ. НАУМ ОХРИДСКИ за препишаната терапија и за потребата од спроведување на строг хигиено-диетски резим, истите се оградуваат од прашањето дали има услови за спроведување на хигиено-диетскиот режим во затворот и во последниот пасус наведуваат дека во насока на сето наведено општата состојба на пациентот не е компромитирана, особено доколку му се овозможат соодветни услови за апликација на тераписки третман и примена на хигиено диетски режим.

Во однос на сето наведено а доведено во корелација со мислењата од државни универзитетски клиники, ја информираме јавноста дека е констатирано и утврдено дека во затворот, односно во пенални услови не постои ниту начин, ниту постојат услови за неопходно лекување и третман на Бојан Јовановски. Од страна на 11 доктори од Итната помош која доаѓала секојдневно во затворот констатирано е дека препишаната терапија од отпусното писмо од 17.02.2023 година нема услови целосно да се спроведе во затворски услови и да се аплицира и дека на лице место во затворот е утврдено од 11 лекари дека нема услови и можност за спроведување и примена на неопходниот хигиено-диетски режим. За констатираното и утврденото од докторите од Медицинската итна служба изготвени се писмени потврди од самите доктори со нивни печат и потпис кои ви ги доставуваме во ова соопштение за јавност. Овие докази се доставени до Основниот кривичен суд каде сеуште трае жалбената постапка за барањето за прекин на ден 02.03.2023 година, доставени се и до Управата за извршување на санкции на ден 03.02.2023 година, како и специјалистички контролен извештај од 01.02.2023мгодина од ЈЗУ УКХБ св.Наум Охридски.

Во прилог на ова соопштение откако институционално во законска форма се доставени сите докази до надлежните органи, ги доставуваме и до јавноста, се со цел јавноста да ја знае и увиди вистинската слика за тортурата која му се случува на осудениот Бојан Јовановски кој и покрај сите јасни недвојбени лекарски препораки, не му се овозможува прекинот кој го има како законска можност како и секое друго осудено лице. Ве информираме дека жалбената постапка сеуште трае и дека целата постапка за прекин на казна трае веќе 4 месеци, иако согласно закон се работи за постапка од итен карактер, а во правна смисла ќе се согласиме дека постапка од итен карактер е недозволиво и законски незамисливо да трае 4 месеци! Овие докази кои ги доставуваме до медиумите и до јавноста ја покажуваат тортурата на дело, па оттука гласно го поставуваме прашањето кој ќе сноси одговорност за оваа организирана и координирана хајка и најважно од се е кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации кои директно може да резултираат со смртоносни последици по животот на Бојан Јовановски, бидејќи од сето приложено и сега докажано на лице место во затворската установа од 11 лекари дека нема услови за лекување и третман во затворот.

Апелираме и истакнуваме барање до сите надлежни органи, а особено до сите домашни и меѓународни институции и организации за заштита на човековите права веднаш да преземат активности и дејствија во рамки на своите надлежности, со цел да се спречи оваа незапаметена тортура и флагрантно кршење на загарантираните човекови права кој согласно Устав ги има и осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13!

Во прилог на соопштението ви ги доставуваме 11 потврди од Итна медицинска помош потпишани од 11 различни доктори, доведени во корелација со Конзилијарно мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје од 23.01.2023 година, Медицинско конзилијарно-стручно мислење од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ Скопје од 01.02.2023, отпусното писмо од 17.02.2023 од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУК ОХРИДСКИ СКОПЈЕ И СПЕЦИЈАЛИСТИЦКИ ИЗВЕСТАЈ ОД КОНТРОЛЕН ПРЕГЛЕД ОД 01.03.2023година од ЈЗУ УКХБ СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната соработка и добрососедските односи

23/09/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Њујорк, каде заедно со делегацијата што ја предводи присуствува на Генералното собрание на ОН

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy