
Папата Франциско со желба за мир и сочувство на празникот
Папата Франциско од Ватикан повика на мир во светот. Плоштадот Свети Петар собра речиси десет илјади луѓе во пресрет на Бадник.
За време на литургијата, поглаварот на Католичката црква го дефинираше празникот како ден во кој предничат мирот и љубовта.
„Вечерва нашите срца се во Витлеем, каде што принцот на мирот повторно е одбиен од бесмислената логика на војната, од судирот на оружјето што и денес го спречува да најде место во светот. Да се молиме да дојде вистинскиот мир на светот, да, да се стави крај на заглушувачкиот татнеж на уништувачкото оружје и меѓу нас да се издигне нова песна за радоста на човечките срца, за хармонијата и правдата за сите“, рече папата Фрањо.
