Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАПАТА ФРАНЦИСК ГО ПОВИКУВА СВЕТОТ „Укинете ги фосилните горива“
Македонија

ПАПАТА ФРАНЦИСК ГО ПОВИКУВА СВЕТОТ „Укинете ги фосилните горива“

04/12/2023

AA

Папата Франциско (86) испрати порака од конференцијата за климатски промени COP28, која се одржува во Дубаи и го повика светот да стави крај на фосилните горива.

Поглаварот на Католичката црква повика на укинување на јагленот, нафтата и гасот и повика на промена на начинот на живот на планетата.

Исто така, папата побара простување на долговите за сиромашните земји погодени од климатските промени. Тој не можеше да присуствува на самитот во Дубаи поради болест, а неговиот говор го прочита секретарот на Ватикан, кардинал Паролин.

Папата долго време се интересираше за проблемите со климатските промени, иако планираше да го посети Дубаи, но настинката и пневмонијата го спречија во тоа.

Во пораката на Папата, посебен акцент е ставен на вложување напори во политичките промени во однос на ова прашање.

– COP28 мора да биде пресвртница – рече Папата.

Тој смета дека еколошката транзиција може да го спаси светот, со прифаќање на обновливите извори на енергија.

Претседавачот на COP28, султанот Ахмед Ал-Џабер, изјави дека постепеното исфрлање на фосилните горива е „неизбежно“, иако нафтената компанија што тој ја води во Обединетите Арапски Емирати планира значително да го зголеми производството.

Папата го критикуваше префрлањето на вината за климатските промени врз сиромашните земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44979
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy