Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 24 април прв круг претседателски и парламентарни избори – вториот круг закажан за 8 мај!
Македонија

24 април прв круг претседателски и парламентарни избори – вториот круг закажан за 8 мај!

04/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија, а на којашто присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на премиерот Ковачевски.

„Сакам да изразам сочувство во мое име и во името на сите присутни овде до мене, до семејството до сите роднини и пријатели, соученици на 14 годишната Вања. Огромна е тагата која ја чувствуваме по загубата на овој млад живот. Сакам да се заблагодарам на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство кои работеа интензивно и целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство.

Очекувам во најкраток можен рок сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат најстрога одговорност. Ова е исклучително тежок ден и затоа апелирам да се следат информациите исклучиво од надлежните институции кои навремено и по протокол споделуваат максимално можно со цел да се избегнат шпекулации и секако да не се наштети на истрагата.

Денес со претседателите на парламентарните политички партии имавме дискусии на повеќе теми важни за граѓаните и државата. Разговаравме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ ОДИХР, како и за датумот за редовните претседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во 2024 година.

Драго ми е што имавме прилика во домов на демократијата, Собранието во име на граѓаните на нивните интереси и потреби, сегашност и иднина отворено да дискутираме на овие теми што ги сметам за чекор напред, во обезбедувањето на високо ниво на политичка зрелост на која инсистирам од првиот ден на мојот мандат.

На средбата ги информирав претседателите на политичките партии за статусот со процесот на скрининг кој се одвива успешно и според утврдената динамика. Разговаравме и за планот за раст со кој земјата и граѓаните ќе имаат конкретно да ги почувствуваат придобивките од членството во ЕУ уште пред земјата формално да стане членка на Унијата. Разговаравме за процесот на завршувањето на уставните измени како и што кажав на лидерската средба за нас за СДСМ и коалициските партнери, нема дилема дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ, дека европскиот пат е започнат како процес и дека тука нема застанување, дека ЕУ е нашата единствена алтернатива.

Прифаќањето на уставните измени останува единствениот предуслов за да продолжиме напред, тоа е јасно и секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука. Овој став го споделив на лидерскиот состанок, со напомена дека уставните измени ќе останат да бидат обврска и за овој парламентарен состав и за секој нареден и секоја теза дека има некоја друга алтернатива за нашето членство во ЕУ е погрешно.

Сега е време да се постапи правилно и да се донесат уставните измени. Што се однесува до измените на Изборниот законик, препораките на ОБСЕ / ОДИХР се препораки во делот на законската рамка, постапката во делот на приговор и жалбена постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите, регистрацијата на гласачи, изборната кампања, финансирањето на кампања, медиумското претставување во изборниот процес.

Измените кои ги разговаравме се веќе усогласени и имплементирани во Предлог законот. Овие чекори кои се преземаат со имплементирање на препораките, а се со вклученост на сите политички чинители, е одличен пример за добра координација и заедничка работа во насока на подобрување на изборниот процес и генерално на изборите во иднина.

Што се однесува до процедурата, овие измени, односно Предлог законот ќе се достави до координаторите на пратенички групи со цел да влезе во собраниска процедура и да се изгласа навремено.

И последната тема на разговор, беше датумот за избори.

Најпрво морам да изразам задоволство што по 17 години повторно имаме редовни парламентарни избори. Последните редовни парламентарни избори во нашата држава биле во 2006 година. Тоа значи дека Владата успеала да креира дополнителна стабилност, извесност, предвидливост и почитување на редот и законите согласно највисоки демократски принципи. И тоа е голем чекор, по постоењето на заробената држава до пред само помалку од една декада.

По интензивна комуникација со коалициските партнери, како и активно следење на ставовите на сите политички партии, вклучително и работни групи кои работеа во измените на Изборниот закон, согласно ОБСЕ/ОДИХР во кои учествуваа сите политички партии, она што го посочив е дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на месец април, односно редовните парламентарни избори да се одржат на почетокот на мај.

Секако мораме да ги имаме предвид и законските ограничувања, но и внимаваме на верските празници кои ни следуваат, а тие се всушност целиот месец април кој е месец на Рамазан, а на самиот почеток на мај е Велигден.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со

17/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на

17/11/2026
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
Македонија

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО

17/11/2026
Македонија

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА

17/11/2026
Македонија

ПАЛАНЧАНЕЦ УАПСЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја тепал својата 20-годишна ќерка

17/11/2026
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46816
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со порака од Брисел

17/11/2026

Поранешниот бугарски цар и премиер Симеон Сакскобурготски порача дека многу од историските теми треба да им се препуштат на историчарите,

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на форум за проширувањето на ЕУ

17/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски очекува одговорно и стабилно работење

17/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy