ПАНИКА ВО БЕЛГРАД: Бивша ученичка избола ученик и наставничка во школото од каде е избркана
Уште еден инцидент имало во Белград. Бивша ученичка избола ученик и наставничка.
Таа денеска повредила ученик на возраст од 15 години и наставничка која се обидела да го спречи нападот во приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград. Како пренесува „Телеграф“, се работи за ученичка која претходно е избркана од училиштето. Таа дошла со кујнски нож во раце. Нападнатите не се сериозно повредени. Училиштето е евакуирано, сите се надвор. Вчера имаше масакр во Белград, каде момче уби 9 и повреди 6 други лица во училиштето.